Врховниот суд на САД го отфрли обидот на групите за заштита на човековите права да го блокираат законот во Флорида, кој бара од сите поранешни обвинети лица коишто го прекршиле законот да ги платат судските трошоци и казни пред да може да се регистрираат и да гласаат на избори.
Либералите судии Соња Сотомајор, Рут Гинсбург и Елена Каган не се согласуваа со синоќешната пресуда. Сотомајор напиша дека со одлуката на Врховниот суд се спречуваат илјадници гласачи да го остварат своето Граѓанско право само „затоа што се сиромашни“.
Законот лани го потпиша републиканскиот гувернер на Флорида Рон ДеСантис, близок сојузник на претседателот Трамп.
Групите за заштита на човековите права и демократите ги обвинија републиканците дека во бројни сојузни држави усвојуваат закони кои имаат цел да им го одземат правото на глас на лицата, коишто поддржуваат претежно демократски кандидати.
Facebook Forum