Блиската соработката го обедини светот во напорите иницирани од ЕУ што резултираа со собирање на повеќе од осум милијарди долари за развивање на методи за лекувања и потрага по вакцина против КОВИД-19.
Околу 40 држави, филантропски организации и индивидуалци, се заложија да донираат, вклучувајќи и над една милијарда долари од Европската комисија, една милијарда од Норвешка, 800 милиони од Јапонија и повеќе од 500 милиони од Франција, Саудиска Арабија и Германија.
Светската здравствена организација ги поздрави напорите како знак за меѓународна солидарност во борбата против вирусот.
„Вирусот ќе биде со нас долго време, и мора заедно да развиваме и споделуваме алатки да го поразиме“, изјави генералниот секретар на СЗО.
Засега, меѓународните напори видливо е отсуството на САД. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека има разговори со претседателот Доналд Трамп за оваа проблематика и изрази увереност дека САД ќе се вклучат во напорите.
Виш претставник од Стејт департментот оцени дека САД блиску соработуваат со европските сојузници, Г-20, и Г-7 во одговорот на кризата со пандемијата.
„САД досега одделија 2,4 милијарди долари за глобална здравствена, хуманитарна и економска помош поради КОВИД-19, и ќе продолжиме со значително учество во обединетиот фронт и координираните напори против коронавирусот“, изјави вишиот официјален претставник на брифингот со новинарите.
Околу 3, 6 милиони луѓе во светот се дијагностицирани со КОВИД-19. Повеќе од 250.000 починаа.
Facebook Forum