Линкови за пристапност

Ковид-19 дневник: Што да се прави со децата ова лето?


Моите тинејџери го пронајдоа својот пандемиски ритам – лесна училишна работа наутро, гледање видеа, правење музика, јадење, шетање на кучето. И повторно од почеток. 

Но, летото е на прагот. Како тинејџерите ќе се „соочат со часовите“, како што вели Ричард на својата смртна постела во филмот „Часови“? Бескрајниот, сончев, калифорниски ден? И денот по него?

Нашиот округ само што олабави дел од рестрикциите – играњето голф и тенис, користењето на секјт паркови се сега дозволени, но во исто време ја продолжи препораката за седење дома до 31 мај. Што ако ова продолжи и во текот на летото? Како сите ќе поминеме низ тоа?


Уривање на ѕидот

Во последно време слушам за луѓе кои прават работи кришум. Одбираат неколку семејства со кои нивните деца може да се дружат и ги уриваат невидливите ѕидови кои ги разделуваат домаќинствата. Тие имаат воспоставено некои правила за да бидат безбедни, а во исто време до одредена мера ги спојуваат семејствата.

Ме интересира како се договараат за правилата без притоа да преминат преку границите кои ги одделуваат сите семејства. Во моето домаќинство јас сум досадната, онаа која ги моли сите да носат ракавици и маска кога одат во продавница, онаа која ги прска површините со раствор од варикина.

Долго пред појавата на коронавирусот јас ги терав своите деца да ги мијат рацете, до таа мера што како доказ барав да ги мириснам за да проверам дали ставиле сапун.
Мишел Куин


Долго пред појавата на коронавирусот јас ги терав своите деца да ги мијат рацете, до таа мера што како доказ барав да ги мириснам за да проверам дали ставиле сапун. „Дај да помирисам“, сега повторно го правам ова.

Секако не би барала нотарски заверен потпис од друго семејство во кое тоа ги опишува своите навики за миење раце, ниту би прашала колку често ги пребришуваат површините и со какво средство. Барем се надевам дека не би го направила тоа.

Сепак, има нешта за кои ќе треба да се разговара и кои ми предизвикуваат стрес. Дали ќе го ограничиме бројот на посетители на секое домаќинство? Дали може да побараат да престанам да трчам со мојата пријателка иако држиме безбедна социјална дистанца? Дали треба да ги ограничиме посетите на продавница или секој ќе треба да користи директна достава на намирници за да се намали бројот на потенцијално опасни контакти? Што е со возењето во автобус?

Без постирање на социјалните мрежи

Едно нешто што би побарала, и можеби тоа е и знакот дека не сум подготвена за ваков договор, ако моите деца се сретнат со нивните пријатели никој да не постира ништо на социјалните мрежи. Да нема селфи на Инстрагам од моите деца прилепени до нивните пријатели дури и ако носат маски.

Уривањето на еден ила на два ѕида можеби е мал ризик. Но, ова се анксиозни времиња.
Мишел Куин


Уривањето на еден ила на два ѕида можеби е мал ризик. Но, ова се анксиозни времиња и очекувам сериозни реакции ако други тинејџери ги видат моите деца како се среќаваат со нивните пријатели за што секако би кажале на своите родители. Можеби ми недостига здрава индиферентност кон социјален притисок, но не сакам моето семејство да биде пример за она што не треба да се прави за време на пандемијата.

Затоа чекам некој – гувернерот, градоначалникот, општинските здравствени власти – да дозволат враќање на активностите дел по дел – голф, тенис (ви благодарам), скејтборд – и да ни кажат кога е време да почнеме да зборуваме за уривање на ѕидот.

Мишел Куин

XS
SM
MD
LG