Барањето го испорача лидерот на опозициската партија. Како аргументи зошто да се оди на итни избори, а не на опцијата за ново парламентарно мнозинство Христијан Мицкоски ги наведе, како што ги нарече, функционалноста и ефикасноста на ново избрана влада, наспроти старата, како и способноста за справување со предизвиците како што е енергетската криза, економската ситуација, пандемијата.
Јасно дека Зоран Заев дури и да си поднесе оставка, министрите ќе продолжат да го преставуваат неговиот корумпиран систем кој на овие избори доживеа на два пати неуспех, два пати беше поразен.Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
„Јасно дека Зоран Заев дури и да си поднесе оставка, министрите ќе продолжат да го преставуваат неговиот корумпиран систем кој на овие избори доживеа на два пати неуспех, два пати беше поразен. Сметам дека првата опција - формирање на ново парламентарно мнозинство нема да даде нова енергија потребна за реформите, новата иднина која ќе ја градиме и решавање на овие наталожени проблеми, тоа само ќе не внесе во нови разговори, преговори, понуди и слично, кои ќе го разводнат капацитетот за управување на институциите и ќе се креира погрешна слика која нема да ја пресликува волјата на народот изразена на изборите кои што туку завршија. Затоа почитувани сограѓани, во овој момент најдобро решение за Македонија е без одлагање брзи предвремени парламентарни избори со почитување на уставните и законски рокови кои ќе обезбедат цврста и стабилна влада за решавање на актуелните проблеми и вадење на Македонија од кризата во која ова корумпирана влада ја втурна.“, изјави Христина Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Одговорот на барањето на Мицкоски брзо стигна. Тој гласи „не“. Инсистирањето на брзи избори, за власта е доказ дека најавите на опозицијата дека се подготвува ново парламентарно мнозинство паднале во вода.
Во име на гласовите на граѓаните кои ги освои владината коалиција кои се повеќе од гласовите на опозицијата, во име на нужноста земјата да продолжи напред во решавање на последиците од пандемијата и во соочување со енергетската криза, во име на потребата да ги вложиме сите напори да ги почнеме преговорите со ЕУ, ова парламентарно мнозинство нема да ја става државата на ризик и нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори.СДСМ
„Партиите од владината коалиција на советничките листи овие избори освоија над 419.180 гласови, што е за 19.090 повеќе од гласовите на партиите од опозицијата. Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот. Христијан Мицкоски не може да направи парламентарно мнозинство бидејќи има опасни планови за државата. Во име на гласовите на граѓаните кои ги освои владината коалиција кои се повеќе од гласовите на опозицијата, во име на нужноста земјата да продолжи напред во решавање на последиците од пандемијата и во соочување со енергетската криза, во име на потребата да ги вложиме сите напори да ги почнеме преговорите со ЕУ, ова парламентарно мнозинство нема да ја става државата на ризик и нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори“, пишува во соопштението на СДСМ.
Владејачката партија, чиј лидер и премиер Зоран Заев најави оставка, не соопштува други детали околу тоа кој би можел да го наследи и кога ќе се ефектуира таа оставка. Во игра е и можноста за нова средба на Заев со владините коалициски партнери, најверојатно до крајот на неделата, за да се утврдат наредните чекори откако лидерите начелно договорија дека засега нови парламентарни избори ќе нема.
Facebook Forum