Линкови за пристапност

Неизвесно одржување на вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ


Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ?

Актуелното раководство на партијата смета дека зад оваа иницијатива стои власта.

Несогласувањата во главната опозициска партија не стивнуваат - со најава дека ќе кулминираат на крајот на март за кога еден дел од членството најавува вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. На барањето на оваа група за смена на врвот на партијата реагира другата страна – актуелното раководство. Денеска, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ излезе со поддршка на лидерот Мицкоски...

„Пратениците ја даваат својата безрезервна поддршка на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Претседателот на партијата, за со заедничко и координирано дејствување да успееме што поскоро да ја поразиме актуелната власт, која не е дел од решението, туку е дел од проблемот на македонските граѓани, особено во делот на економијата, здравството и образованието“, се вели во партиското соопштение.

Истовремено, пратеничката група и препорачува на партијата целосно да се почитуваат одредбите од Статутот и надлежностите на Централниот, Извршниот Комитет, и Конгресот без да се дозволи, како што велат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, нивна злоупотреба од кои било поединци или групи.

Од спротивставениот табор, пак, велат дека Мицкоски нема капацитет да ја води партијата и колку побрзо си замине, толку подобро за ВМРО-ДПМНЕ.

Вистината е дека Мицкоски има погрешно поставени приоритети, а личните, лукративни интереси му се поважни од партиските и државните.
Иницијативен одбор за вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ


„Вистината е дека Мицкоски е неспособен да ги привлече симпатиите на граѓаните и служи само како спаринг партнер во изборните победи на власта. Вистината е дека Мицкоски има погрешно поставени приоритети, а личните, лукративни интереси му се поважни од партиските и државните“, стои во соопштението на Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Актуелното раководство на партијата смета дека зад оваа иницијатива стои власта.

„Целиот Центар за комуникации на СДСМ е во контакт од неколкумина од тој иницијативен одбор и на дневна основа пласираат невистини во јавноста.“, изјави Александар Николовски, ВМРО-ДПМНЕ.

Директно ги отрфлам тврдењата и обвинувањата за моја вмешаност во внатрешни процеси на ВМРО-ДПМНЕ
Зоран Заев, претседател на СДСМ


„Директно ги отрфлам тврдењата и обвинувањата за моја вмешаност во внатрешни процеси на ВМРО-ДПМНЕ. Јас очекувам здрава и силна опозиција која ќе биде сериозен коректор на власта за таа да биде поодговорна.“, оцени Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го отфрли барањето на иницијативниот одбор за одржување вонреден конгрес оваа пролет. Наместо тоа донесе одлука да се одржи редовен конгрес во ноември. На тоа Иницијативниот одбор во кој се поранешни и актуелни видни членови на ВМРО-ДПМНЕ порача дека е „време партијата да се сплоти на 17-от Вонреден конгрес во Скопје на 28 март“.

XS
SM
MD
LG