Линкови за пристапност

Усвоената методологија за пописот во Северна Македонија


Методологија за пописот во Северна Македонија, април 2021
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Методологија за пописот во Северна Македонија, април 2021

Пописот ќе опфати лица, домаќинства и станови.

„Апелирам од сите граѓани да ја разберат оваа операција многу сериозно, тоа е операција која е во интерес на сите граѓани...“, изјави Апостол Симовски, директор на Заводот за статистика.

Со ваква порака настапи првиот човек на Заводот за статистика во пресрет на пописот – граѓаните да учествуваат во оваа статистичка операција и да даваат вистински податоци. Симовски, кој го води телото што ќе го спроведува пописот, ја објасни усвоената методологија според која ќе се одвива операцијата. За првпат ќе се користи комбинирана метода која опфаќа податоци добиени на терен и податоци од постоечки бази на податоци поврзани со единствениот матичен број на граѓанинот.

Се намалува потребното време за прибирање на податоците, намалувањето на трошоците за пописната операцијата, намалувањето на потребното време за обработка на податоците
Симовски, директор на Завод за статистика


„Се намалува потребното време за прибирање на податоците, намалувањето на трошоците за пописната
операцијата, намалувањето на потребното време за обработка на податоците, конечните податоци од Пописот ќе ги имаме за пократок временски период, а истовремено ќе обезбедиме многу повисоко ниво на квалитет на податоци од пописот.“, изјави Апостол Симовски, директор на Заводот за статистика.

Пописот ќе опфати лица, домаќинства и станови. Во категоријата на лица ќе се попишува вкупно резидентно и вкупно нерезидентно население, односно државјани на Северна Македонија кои престојуваат во странство подолго од една година.

За лицата што се наоѓаат во странство е предвидена апликација во која самите ќе си ги пополнуваат податоците и таа можност ќе биде од 1 март до 21 април
Симовски, директор на Завод за статистика


„За лицата што се наоѓаат во странство е предвидена апликација во која самите ќе си ги пополнуваат податоците и таа можност ќе биде од 1 март до 21 април.“ 20.51 Даваме можност и лица кои се во земјата да дадат податцои за оние кои се во странство.“, изјави Апостол Симовски, директор на Заводот за статистика.

За оние што ќе одбијат да дадат податоци или ќе приложат лажни информации предвидени се казни од 200 до 300 евра. Пописот ќе се спроведе во периодот од 1 до 21 април, а резултатите треба да се објават во рок од 6 месеци по завршувањето на операцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG