Проценките на здравствените власти се дека состојбата во Северна Македонија, како и во светот, се влошува со завршувањето на летото. Од минатата седмица се забележува секојдневно зголемување на бројот на позитивни случаи на ковид-19 , денеска се регистрирани 88 новозаболени и 5 починати. Најпогодена е категоријата граѓани над 60-годишна возраст, но има тенденција на зголемување на инфицирани и меѓу помладите. Министерот за здравство денеска предупреди дека ова може да е најава за нов есенски бран на коронавирусот. Вината за растот на заболени се бара кај неодговорните граѓани.
Очигледно, дека граѓаните заборавија на важноста за почитување на мерките и последиците што ги сносиме сите од нивното непочитување. Летото е зад нас, а со тоа и стабилниот период што досега го имавме полека завршува.Венко Филипче, министер за здравство
„Од анализите на епидемиолошките анкети на новозаразените јасно може да се заклучи дека главната причина за зголемување на бројката се должи на непочитување на мерките и тоа пред се групирање, семејни собири, прослави и свадби кои се забранети и слични настани, но и генерално опуштање на граѓаните. Очигледно, дека граѓаните заборавија на важноста за почитување на мерките и последиците што ги сносиме сите од нивното непочитување. Летото е зад нас, а со тоа и стабилниот период што досега го имавме полека завршува. Ризикот кој го носи есента е сериозен аларм дека мора и натаму да делуваме за да го заштитиме и јавното здравје, но и здравствениот систем“, вели Венко Филипче, министер за здравство.
Според анализите, од почетотот на епидемијата па до 19 септември, најголем број случаи се регистрирани во Скопје, Куманово, Тетово и Штип, при што највисока инциденца на 100.000 жители има во Штип. Најголем број од заболените се инифицирани преку локален пренос на вирусот. За наредниот период се најавуваат поостри контроли.
„Од следните денови ќе ги засилиме и контролите за спроведување на мерките и протоколите. Сите инспекторати и институции кои се задолжени за спроведување на мерките, појасни, интензивно ќе работат и апелирам состојбата да се разбере многу сериозно. Апсолутно е недозоволиво по сите апели, граѓаните да не ги почитуваат мерките. Во тек се анализи и планови за воведување нови мерки за спречување на ширење на вирусот.“, коментира Филипче.
Во опција се задолжително носење маски и на отворено, ограничување на собирања, ограничување на бројот на лица што седат на иста маса во угостителски објекти, силни контроли за да се спречат масовни семејни собири и прослави. Целта е, како што објасни Филипче, да се избегнаат рестркции на движење како што беше случајот пролетва. Но, предупреди, дека ако е нужно, и тоа ќе се направи...
Facebook Forum