Линкови за пристапност

Венецуела – како се најде во политичка криза?


Хронологија на настани

Има ли претседател?

Лидерот на опозицијата во Собранието на Венецуела Хуан Гуаидо, се прогласи за претседател на 23-ти јануари, оспорувајќи му ја моќта на претседателот Николас Мадуро, кој поднесе заклетва за втор мандат пред две недели.

Кој е Мадуро?

Мадуро е социјалист, претседател на Венецуела од 2013-та, по смртта на неговиот ментор и претходник Хуго Чавез. Мадуро победи на првиот мандат со тесно мнозинство, а на избори во 2018-ма, опозиционите кандидати или беа спречени да учествуваат на трката или ги бојкотираа изборите.

Кој е Хуан Гуаидо?

Гуаидо е релативно непознат политичар за јавноста се` додека не беше избран од пратениците за компромисен кандидат да ја предводи опозицијата во националното Собрание. 35-годишниот политичар е мошне активен на уличните протести против владата на Мадуро.

Зошто има политичка ескалација во Венецуела?

Откако Мадуро поднесе заклетва на функцијата во јануари за вториот мандат, националното Собрание заклучи дека изборите не се фер и оти претседателската фотелја е празна. Гуаидо рече дека во такви случаи кога претседателската функцијата е испразнета, Уставот му овозможува да ја презеде функцијата како преоден претседател.

Каква е американската реакција?

Американскиот претседател Доналд Трамп официјално го призна Гуаидо за легитимен претседател на Венецуела, неколку минути откако ја презеде функцијата.

Зошто Трамп одлучи да го признае Гуаидо?

Администрацијата на претседателот Трамп објави дека чекорот е единствен начин да се врати демократијата во Венецуела.

Санкции

Американската влада исто така воведе санкции врз државната рафинерија на Венецуела, објавувајќи дека ресурсите сака да ги зачува за народот на Венецуела. Секретарот за финансии Стивен Мнучин вели дека изјави дека Мадуро и сојузниците долго време ја користење државната рафинерија како алатка за корупција и перење пари.

Зошто Венецуела се најде на врвот на надворешната политика на претседателот Трамп?

Официјални лица од Белата куќа објавија дека Трамп отсекогаш ја следел ситуацијата во Венецуела. По положување заклетва на Мадуро и обновувањето на протестите против него, официјални лица од администрацијата ја зграпчија можноста да ги интензивираат напорите за смена на Мадуро од власта.

Каква е реакцијата на американските сојузници?

Неколку држави го следеа чекорот на САД и го признаа Гуаидо за преоден претседател, вклучувајќи ги Бразил, Канада и Колумбија. Некои членки на ЕУ најавија слични чекори ако Мадуро во следните денови не распише нови избори. Државниот секретар Помпео ги повика членките на Советот за безбедност на ОН да заземат страна.

Што е следно?

Гуаидо ги повика Венецуелците да продолжат со жестоките протести против Мадуро додека земјата не се ослободи од него. Иако има поддршка од САД, Гуаидо и националното Собрание имаат реално мала моќ да ја преземат власта.

Која страна зазема армијата на Венецуела?

Обете страни во политичкиот конфликт бараат поддршка од армијата. Засега армијата наголемо го поддржува Мадуро, кој честопати им ги покачува платите на војниците изминатите години. Гуаидо вети амнестија за сите војници што ќе му откажат лојалност на Мадуро.

Што се случува со економијата на Венецуела?

Инфлацијата има стапка од 1, 7 милиони проценти – што резултира со недостиг од храна и лекови. Венецуелците заработуваат по 10 долари месечно. За време на 20-годишното владеење на Мадуро и Чавез, производството на нафта забележа пад од една третина. Производството на нафта е главен извор за приход во буџетот на нацијата.

Што се случува со популацијата на Венецуела?

Повеќе од 3 милиони Венецуелци ја напуштија земјата од 2014-та, според ОН. Милион бегалци живеат во соседна Колумбија, но емигрираа и во Перу, САД, Аргентина, Чиле, Бразил, Панама.

Која економска гранка е двигател на Венецуела?

Вредноста на валутата е врзана со извозот на нафта. Новите американски санкции врз државната рафинерија на Венецуела ќе значи помалку извоз на нафта, и последователно, недостиг на храна за обичните жители на осиромашената нација.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG