Линкови за пристапност

ФДА побара од Модерна и Фајзер да спроведат повеќе испитувања за ефикасноста на вакцините за деца под 12 години


Двајцата фармацевтски гиганти во моментов спроведуваат испитувања врз деца од пет до 11 години за да утврдат дали вакцините развиваат услови на воспаление на срцето кај лица под 30 години.

Администрацијата за храна и лекови на САД побара од Фајзер и Модерна да ја зголемат бројката на деца во клиничките испитувања за да се утврди дали нивните вакцините против Ковид-19 се безбедни за деца под 12 годишна возраст.


Двајцата фармацевтски гиганти во моментов спроведуваат испитувања врз деца од пет до 11 години за да утврдат дали вакцините развиваат услови на воспаление на срцето кај лица под 30 години. Во тие услови, потпаѓаат воспаление на срцевиот мускул, и во ткивата околу него.

Ваквото барање може да го одложи формалното одобрување на две дози на вакцини на таа возрасна група. Модерна, кој спроведува тестирања врз 7000 деца во првичната фаза, објави дека „активно е вклучена во дискусијата со ФДА“.

Фајзер кој спроведува испитувања врз 4500 деца на возраст меѓу 5-11 години, најави дека ги очекува резултатите во септември.

Администрацијата на Бајден објави дека ќе ги задржи постоечките ограничувања за патување кон САД поради зголемувањето на бројката на заразени со сојот Делта.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG