Линкови за пристапност

Истражување: Вакцината на Џонсон & Џонсон е помалку ефикасна против новите варијации на Ковид-19


Истражувачите од Школата за медицина на Универзитетот Њујорк дојдоа до ваков заклучок по лабораториските тестови со примероци од крв на волонтери.

Најново истражување сугерира дека вакцината на Џонсон и Џонсон против Ковид -19 можеби е помалку ефикасна против новите варијации на коронавирусот.

Истражувачите од Школата за медицина на Универзитетот Њујорк дојдоа до ваков заклучок по лабораториските тестови со примероци од крв на волонтери.

Главниот истражувач Натениел Ландау, изјави дека вакцината на Џонсон и Џонсон не обезбедува иста заштита против новите варијации како двете дози на Фајзер и на Модерна, кој што се развивани по поинаков медицински пат.

Варијантата Делта која најпрво беше детектиран во Индија, наводно полесно се шири од другите варијации на вирусот.

Центарот за контрола и болести на САД објави дека на новата варијација Делта отпаѓаат 83% од новите случаи во нацијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG