Линкови за пристапност

8.000 дози од Србија, веројатно, првите вакцини против Kовид-19 што ќе дојдат во Северна Македонија


8.000 дози од Србија во Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00

Во соседните земји - Србија, Албанија, Грција, Бугарија вакцинирањето веќе тече

Српскиот претседател Вучиќ денеска ги потврди најавите на премиерот Заев дека Белград, мал дел од своите вакцини купени од „Фајзер“, ќе одвои за земјава.

Колку што можеме да помогнеме, ќе помогнеме. Тоа е и снаодливост на премиерот Заев кој бараше и се бореше за својата земја да обезбеди нешто и јас мислам дека ова не е само пријателски и братски потег кон народот во Северна Македонија, туку тоа ја покажува и нашата одговорност, дека не живееме во затворен сад
Вучиќ, претседател на Србија


„Би сакал нешто да констатирам - дека нам нема ништо да ни вреди да бидеме здрави, а луѓето во соседството имаат безброј проблеми. Можеме да бидеме среќни само ако и соседите се среќни и задоволни. Секако, треба некому да му помогнете кога му е тешко. Колку што можеме да помогнеме, ќе помогнеме. Тоа е и снаодливост на премиерот Заев кој бараше и се бореше за својата земја да обезбеди нешто и јас мислам дека ова не е само пријателски и братски потег кон народот во Северна Македонија, туку тоа ја покажува и нашата одговорност, дека не живееме во затворен сад, туку дека мора да размислуваме и за нашите комшии, како што сум сигурен дека и тие нас би ни помогнале“, изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Деталите – кога и како би се транспортирале вакцините ќе се договараат на министерско ниво во наредните денови. Според најавите на владата, во февруари, директно од американски „Фајзер“ ќе дојдат околу 6.000 дози, а во март и во април таа количина би се зголемила на 17.500 месечно. Европската унија денеска ги потврди најавите дека финансиски, со 70 милиони евра, ќе го помогне процесот на купување вакцини за Западен Балкан.

Работиме и со Светската здравствена организација да обезбеди итна поддршка од 50 милиони евра за вакцинска подготвеност на Западен Балкан
Кириакидес, еврокомесарка


„Ќе обезбедиме грант од 70 милиони евра за Западен Балкан за регионот да може да купи вакцини од земјите членки на ЕУ. Работиме и со Светската здравствена организација да обезбеди итна поддршка од 50 милиони евра за вакцинска подготвеност на Западен Балкан и во земјите од соседството.“, оцени Стела Кириакидес, еврокомесарката за здравство.

Здравствените власти во земјава имаат амбициозен план – преку три начини: Ковакс-механизмот, директни договори со производителите и помош од земјите-членки на Унијата, да обезбеди околу 2,4 милиони дози. Оваа количина би била доволна за вакцинирање и ревакцинирање на 1,2 милиони граѓани, или околу 60 отсто што е доволно за создавање колективен имунитет. Но, засега се останува на планирање – во Северна Македонија не е дојдена ниту една доза од вакцина против Kовид -19. Во соседните земји - Србија, Албанија, Грција, Бугарија вакцинирањето веќе тече.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG