По неколку часа од веста за напредок во развивањето на безбедна и ефикасна вакцина против Ковид-19, Бразил ја запре последната фаза од клиничките тестирања за уште една потенцијална вакцина.
Здравствениот државен регулатор Анвиса објави дека го запира тестирањето на Корона Вак, која ја развива кинеската фармацевтска компанија Синовак, по сериозни проблеми со волонтер. Инцидентот се случил на 29-ти октомври и нема понатамошни детали.
Американскиот фармацевтски гигант Џонсон & Џонсон ги стави во мирување тестирањата во третата фаза од потенцијалната вакцина за Ковид-19 минатиот месец, додека компанијата Астра Зенека го запре тестирањето во последната фаза на вакцината што ја развива во соработка со Универзитетот на Оксфорд.
Facebook Forum