Тоа што почна на почетокот на неделата со средбите во седишетото на Европската унија, заврши денеска со панелот за односите меѓу ЕУ и Западен Балкан што се одржа во Атина. „Брисел мора го испорача ветеното за да го потврди својот кредибилитет во регионот“ – беше пораката на Никола Димитров до Оливер Вархеји.
Немаме сценарио во кое Бугарија победува, а Северна Македонија губи. Двете земји се губитници, а во ист кош е и Унијата. Се обидовме, имаше напори од комесарот Вархеји, од германското претседателство, сега го имаме и португалското претседателство.Димитров, вицепремиер
„Немаме сценарио во кое Бугарија победува, а Северна Македонија губи. Двете земји се губитници, а во ист кош е и Унијата. Се обидовме, имаше напори од комесарот Вархеји, од германското претседателство, сега го имаме и португалското претседателство... Мислам дека имаме можност да го вратиме моментот на европската идеја на Балканот зашто сме многу блиску до тоа да го изгубиме тој интензитет поради овој неуспех и поради различните разочарувања за други прашања. За мене како личност која е член на Кабинетот на Владата, одговорен за европска интеграција, навистина ќе ми биде потешко да зборувам за европската перспектива ако ЕУ не испорача, зашто тогаш ние не можеме да им испорачаме на граѓаните.“, изјави Никола Димитров, вицепремиер за евроинтеграции.
Еврокомесарот одговори дека е среќен што слуша дека земјите членки се подготвени да ги поддржат преговорите и со Скопје и со Тирана. Сепак, Вархеји не ја исклучи можноста за раздвојување на двете држави – сценарио кое засега нема поддршка од главните „играчи“ во Унијата.
Процесот е таков и ние работиме за да ја добиеме поддршка од сите земји членки за двете држави (Северна Македонија и Албанија).Вархеји, еврокомесар
„Имаме неколку недели пред нас и се надевам дека во јуни ќе имаме согласност за двете земји. Но, треба да знаете дека треба да ја имаме согласноста од сите земји членки. Процесот е таков и ние работиме за да ја добиеме поддршка од сите земји членки за двете држави (Северна Македонија и Албанија). Ако се навратам на мојата изјава, тоа е само кажување на очигледното - ако не можеме да постигнеме договор за двете земји, ова прашање неизбежно ќе биде ставено за дебата и тогаш ќе треба да добиеме одговориме. Засега, работиме во таа насока, работиме за двете земји, оцени Оливер Вархеји, еврокомесар за проширување.
Премиерот Заев, кој беше дел од делегацијата во Атина, е оптимист дека е можно скорешно решение со Бугарија за што и побара помош од колегата Мицотакис.
Мене ми е многу драго што шефот на Владата на Грција не само што помага, не само што учествува, тој директно на Европскиот совет и министерот Дендиас на Советот на министри и таму се гласни и зборат и работат за помошта на интеграциите на Северна Македонија и на АлбанијаЗаев, премиер
„Премиерот Мицотакис разви неколку идеи и многу сум благодарен заради креативноста која што ја понуди. Нормално не можам да ги коментирам, затоа што сепак тие тоа треба да го направат, но за нас се исклучиво позитивни. Мене ми е многу драго што шефот на Владата на Грција не само што помага, не само што учествува, тој директно на Европскиот совет и министерот Дендиас на Советот на министри и таму се гласни и зборат и работат за помошта на интеграциите на Северна Македонија и на Албанија, секако и на двете земји, а сега покажаа и дополнителна креативност.“, истакна Зоран Заев, премиер на Северна Македонија.
Шефот на македонската дипломатија денеска потврди дека вчера писмено му го честитал изборот на новиот бугарски министер за надворешни работи, Светлан Стоев, и побарал интензивирање на разговорите во наредниот период. Османи не мисли дека не може да се постигне договор додека во Софија има техничка влада, вели – „треба да работиме со сите капацитети што ги имаме, да ја мобилизираме целокупната поддршка, за до јуни да дојдеме до решение“...
Facebook Forum