Линкови за пристапност

Унгарија ја поддржа Северна Македонија за ЕУ, и обезбеди 6000 вакцини за граничната полиција


Унгарска помош и поддршка за Македонија во ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:34 0:00

Унгарска помош и поддршка за Македонија во ЕУ

„Ставот на унгарската влада е веднаш, денеска, најдоцна утре да се отворат преговори со С. Македонија. Преговорите веќе требаше да ги почнеме.“, изјави Петер Сијарто, шеф на унгарската дипломатија.

Покрај 6.000 вакцини за граничната полиција, шефот на унгарската дипломатија денеска во Скопје донесе и дипломатска порака дека Будимпешта сака Северна Македонија, веднаш, уште денеска, да ги почне преговорите за членство со ЕУ.

„Ставот на унгарската влада е веднаш, денеска, најдоцна утре да се отворат преговори со С. Македонија. Преговорите веќе требаше да ги почнеме.“, изјави Петер Сијарто, шеф на унгарската дипломатија.

Изјавата на Петер Сијарто доаѓа во момент на реактивирање на прашањето за македонското досие блокирано поради бугарското вето. Унгарскиот министер со денешниот настап се приклучи на неколкуте шефови на европски дипломатии кои јавно побараа Брисел да го откочи интеграцискиот процес. Сијарто, дипломатски го избегна одговорот на прашањето дали неговата влада ги дели изјавите на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји – и самиот Унгарец, дека е можна опцијата за раздвојување на пакетот Северна Македонија и Албанија, токму поради пречките што ги постави Софија.

Сметаме дека вашето место е во ЕУ, сметаме дека ЕУ не може да е целосна без земјите од Западен Балкан и сметаме дека ЕУ има ист интерес како и вие за побрзо зачленување во Унијата.
Сијарто, министер за надворешни работи на Унгарија


„Сметаме дека вашето место е во ЕУ, сметаме дека ЕУ не може да е целосна без земјите од Западен Балкан и сметаме дека ЕУ има ист интерес како и вие за побрзо зачленување во Унијата. Наредниот период ќе направиме се за вие што поскоро да станеше членка на Унијата. Се надевам дека сите членки на ЕУ ќе го имаат во предвид интересот на ЕУ кој е земјите од регионот побрзо да стане дел од Унијата. И Вархеји и унгарската влада се посветени поддржувачи на вашата европска иднина.“, изјави Петер Сијарто, шеф на унгарската дипломатија.

Шефот на македонската дипломатија, кој денеска се врати од Брисел каде учествуваше на средби со врвот на Унијата, го пренесе впечатокот што го добил во седиштето на ЕУ – Османи, сепак останува оптимист за можен пробив со Бугарија до летото.

Не можам да кажам кој ќе биде епилогот на тие разговори, но можам да кажам дека тој имагинарен ѕид пред Северна Македонија е тест за кредибилитетот на ЕУ.
Османи, министер за надворешни работи на Северна Македонија


„Се реафирмираше уште еднаш поддршката за почеток на преговори, но и дека С. Македонија е најдобриот ученик во регионот кој заслужува почеток на преговори и тоа го кажаа сите со кои разговаравме. Јас се уште верувам дека има можност за посуштински разговори и со техничката влада во Бугарија. Не можам да кажам кој ќе биде епилогот на тие разговори, но можам да кажам дека тој имагинарен ѕид пред Северна Македонија е тест за кредибилитетот на ЕУ.“, изјави министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи.

Најави зголемена дипломатска активност од идната недела во потрага по можно решение со Бугарија. Но, оптимизмот на Османи може да е со краток рок – пораките од техничката влада во Софија, која денеска стапи на должност, се дека таа нема овластување да ја промени позицијата за земјата, усвоена во бугарскиот парламент.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG