Линкови за пристапност

САД повлекуваат 12.000 војници од Германија


Според планот, 5600 американски војници ќе бидат распоредени од Германија во други сојузници на НАТО, вклучувајќи ги Белгија и Италија.

САД повлекуваат речиси 12.000 војници од Германија по повикот на претседателот Доналд Трамп за намалување на американската воена распространетост ширум светот, како што ја опиша, „поради прекумерно трошење во одбраната“.

Според планот, 5600 американски војници ќе бидат распоредени од Германија во други сојузници на НАТО, вклучувајќи ги Белгија и Италија.

Уште 6400 ќе се вратат во САД, иако повеќето од овие сили како што опиша Пентагон, ќе бидат пренасочени кон „континуирана ротација“ во регионот на Црното море.

„Овие промени ќе ги зајакнат цврстите принципи на САД и НАТО за одбивање на Русија, јакнење на Алијансата и унапредување на американската стратешка флексибилност“, изјави секретарот за одбрана Марк Еспер.

Еспер и други официјални лица од Пентагон најавија дека распоредувањето ќе почне во следните недели, иако не беа објавени детали.

Засега не се познати трошоците од ваквите промени со американските сили во Европа, но процените се дека најверојатно ќе бидат потрошени неколку милијарди долари.


САД во моментов имаат 36.000 војници во Германија во неколку бази, вклучувајќи ја и воздушната, Рамштајн. Како дополнување, во Штутгарт, се наоѓа седиштето на американската команда за Европа.

Германски официјали лица се залагаат за останување на американските војници во Германија, и изразија жалење за ваквата одлука.

https://twitter.com/jseldin/status/1280857247824953344?s=20

„Се работи за безбедноста на НАТО“, изјави неодамна на виртуелен форум, германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбуер.

Претседателот Трамп јавно повика на намалување на бројката на американски војници во Германија од минатомесечната прес-конференција во Белата куќа со полскиот премиер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG