Линкови за пристапност

Низок прелет на американски авиони за добредојде во НАТО


Низок прелет за добредојде во НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:26 0:00

Американско добредојде во НАТО

Американски авиони полетале од Јужна Дакота за да партиципираат во денешниот прелет – чин, кој според претставници на САД, е знак за поддршката на Вашингтон

Со низок прелет над Скопје 2 авиони на американското воено воздухопловство придружени од 4 грчки ловци и поскаа добрредојде на Северна македонија во НАТО – најновата членка на Алијансата.

Американскиот авиони полетале од Јужна Дакота за да партиципираат во денешниот прелет – чин, кој според претставници на САД, е знак за поддршката на Вашингтон на земјава.

“Овој прелет што дка го видовме со авионите е реафирмација на посветеноста на САД кон Алијансата и особено кон најновата членка.“
Амбасадорката на САД во Скопје


„Денешниот прелет е израз на нашата трајна поддршка за Северна Македонија како и гест преку кој ви посакуваме добредојде како 30-та членка на НАТО. Во изминатите неколку недели фокусот беше на справувањето со Ковид - 19, но тоа не треба да го замагли фактот дека годинава се случија историски настани за земјата – влезот во НАТО и добивањето на зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ. Оенесва беа две цели на нашите две земји повеќе од две деценмии. Овој прелет што дка го видовме со авионите е реафирмација на посветеноста на САД кон Алијансата и особено кон најновата членка.“, изјави амбасадорката на САД во Скопје, Кејт Брнс.

„Сакам да се заблагодарам на оваа акција на САД кои на дело и со видлив гест ни посакаа добредојде во Алијансата и да порачам дека се подготвивме, знаевме што сакаме и денеска да учествуваме во ваква операција бидејќи навистина сме дел од НАТО“, оцени Радмила Шекеринска, министерка за одбрана.

На 30 март земјава стана 30-та членка на Алијансата и со тоа е опфатена со програмата за воздушно патролирање за заштита на небото на НАТО-државите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG