Линкови за пристапност

По супер-вторникот – Бајден и Сандерс се издвоија меѓу демократите


Бајден победи во девет сојузни држави, вклучувајќи го и Тексас, каде неговата победа доаѓа како изненадување затоа што националните анкети укажуваа дека Сандерс води во оваа сојузна држава.

Трката за демократска претседателска номинација се консолидираше од едновремено преполното поле од над 20-на кандидати во речиси двајца фаворити , кои се издвоија по синоќешниот супер-вторник во САД – поранешниот потпретседателот Џо Бајден и сенаторот од Вермонт Берни Сандерс.

Бајден победи во девет сојузни држави, вклучувајќи го и Тексас, каде неговата победа доаѓа како изненадување затоа што националните анкети укажуваа дека Сандерс води во оваа сојузна држава. Бајден оствари силни победи во јужниот дел на САД – Вирџинија, Северна Каролина, Алабама, Оклахома, Тенеси и Арканзас, заедно со Минесота и Масачусетс.

Сандерс победи во државата која носи најмногу делегати – Калифорнија, но и во Колорадо, Јута и неговиот Вермонт.

Двајцата кандидати се во мртва трка во Мејн, каде резултатот е претесен за да се објави победникот.

Сандерс изрази доверба на митинг во Вермонт, дека не само што ќе стане демократска номинација, туку и ќе го победи претседателот Трамп на гласањето во ноември.

Победата на Бајден доаѓа три дена по неговата победа на прелиминарните избори во Јужна Каролина, претежно поради огромната поддршка која ја има меѓу афроамериканско гласачко тело.

Сенаторката Елизабет Ворен, која важеше за една од главните демократски фаворити за партиска номинација, се уште не победила на примарните избори, а синоќа загуби од Бајден и во нејзиниот Масачусетс.

Милијардерот Мајк Блумберг кој подоцна се вклучи во трката, откако не беше на гласачкото ливче во првите четири примарни избори, по разочарувачките синоќешни прелиминарни избори на супер-вторникот, планира да го разгледа понатамошното учество во трката за партиска номинација на демократите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG