Линкови за пристапност

Можно одложување на лансирањето на Атлантис заради лошо време


Можно одложување на лансирањето на Атлантис заради лошо време
Можно одложување на лансирањето на Атлантис заради лошо време

Последниот спејс-шатл е подготвен за мисијата, но временските услови не се беспрекорни

Последната мисија на американската флота на вселенски возила треба да биде лансирана во петок, иако одговорните во НАСА внимателно ја следат временската прогноза.

Шатлот Атлантис треба да биде лансиран утре во 11 часот и 26 минути по локално време од вселенскиот центар Кенеди во Флорида.

Четворица астронаути ќе понесат намирници, резервни делови и некои научни експерименти за Меѓународната вселенска станица на 12-дневната мисија.

Стотици илјади луѓе се очекува да го проследат историското лансирање и крајот на една ера.

Метеоролозите велат дека има само 30 проценти шанси дека времето ќе биде поволно за полетување на Атлантис.

Мисијата на Атлантис ќе биде 135-та и последната во 30-годишната програма на НАСА, која одигра клучна улога во изградбата и операциите на Меѓународната вселенска станица.

НАСА вели дека ќе се фокусира на истражувања подлабоко во вселената.

Пензионираните спејс-шатлови ќе бидат распоредени по музеи ширум САД. По мисијата, Атлантис ќе биде изложен во Вселенскиот центар Кенеди во Флорида.

XS
SM
MD
LG