Американскиот спејс шатл Атлантис замина во петокот на мисија до Меѓународната вселенска станица – 135-ти и конечен лет на 30-годишната спејс шатл програма.
Вселенската агенција НАСА кажа дека еден милион луѓе се собрале во и околу Вселенскиот центар Кенеди во Флорида да го гледаат историското лансирање. Контролата на лансирањето вселенската мисија ја нарече „сентиментално патување“.
Четиричлениот екипаж ќе пренесе намирници, резервни делови и научни експерименти до Меѓународната вселенска станица за време на 12-дневната мисија.
Спејс шатлите служеа како комплексни носители на работата на вселенската програма на САД со човечки екипаж, играјќи клучна улога во изградбата и оперирањето на Меѓународната вселенска станица и изведуваа други важни мисии. Крајот на шатл програмата ги остава САД без нивно вселенско возило со човечки екипаж.