Линкови за пристапност

САД: Знамињата на половина копје, оддавање почит на жртвите од коронавирусот


Почеток на продолжениот викенд по повод празникот Денот на сеќавањето, во чест на загинатите војници.

Претседателот Трамп нареди знамињата на сите владините згради и споменици да бидат на половина копје во следните три дена за сеќавање на сите Американци коишто ги загубија животите од коронавирусот.

Преку Твитер се огласи дека наредил спуштање на државните знамиња на половина копје за да им се оддаде почит и на сите припадници на „вооружени сили кои дале ултимативна жртва за нацијата, во време кога почнува продолжениот викенд, и САД го одбележуваат празникот Денот на сеќавањето, во чест на загинатите војници“.

Во меѓувреме, главниот правобранител на Мичиген Дана Несел изјави дека можеби Трамп нема да биде поканет повторно да ја посети оваа сојузна држава ако не носи заштитна маска во јавност. Синоќа, претседателот беше во Детроит, во фабрика на Форд, која наместо автомобили, за пандемијата го смени производството кон респираторни системи.

Претседателот Трамп неколкупати има истакнато дека не сака да носи заштитна маска во јавност затоа што смета дека тоа оддава претстава за него дека е слаб лидер.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG