Линкови за пристапност

Демократите дебатираа во Хјустон: меѓусебни обвинувања, но обединети против Трамп


Уште еднаш, реформите во здравствениот систем доминираа во тричасовната дебата пренесувана во ударен вечерен термин.

10-те водечки демократски претседателски кандидати беа дел од политички наелектризирана дебата за многу прашања, но истовремено упатија бројни напади врз човекот кој сакаат да го победат на изборите за Белата куќа 2020-та, републиканскиот претседател Доналд Трамп.

Сенаторката од Калифорнија Камала Харис, поранешна обвинителка, го обвини претседателот Трамп дека е вклучен во „ширење омраза, заплашувања и страв“ и оти изрекол 12.000 лаги за време на две и пол годишното претседателствување.

Поранешниот конгресмен од Тексас Бето О Рурк, изјави дека напаѓачот од неговиот роден град Ел Пасо во Тексас, кој застрела 22 луѓе, бил, како што кажа „бил инспириран да убива од нашиот претседател“.

Сенаторката Ејми Клобучер од Минесота рече дека Трамп „преферира лаги, наместо да ја води нацијата“.

Трите водечки кандидати меѓу Демократите – поранешниот потпретседател Џо Бајден и сенаторите Елизабет Ворен и Берни Сандерс – упатија жестоки критики врз Трамп.

Сандерс го нарече Трамп, „најопасниот претседател во историјата на државата“.

Уште еднаш, реформите во здравствениот систем доминираа во тричасовната дебата пренесувана во ударен вечерен термин. Бајден, Ворен и Сандерс разменија жестоки аргументи како да ги сменат политиките на здравствената заштита.

Поранешниот секретар за урбано планирање Џулијан Кастро, кој заостанува во анкетите, го обвини поранешниот потпретседател Џо Бајден дека секогаш ги истакнува позитивните резултати од администрацијата на Обама, но не презема одговорност за лошите политики.

Неколку демократски кандидати го нападна претседателот Трамп за трговската војна со Кина.

Сенаторот Кори Букер од Њу Џерси, изјави: Политиката на Доналд Трамп, „Америка најпрво“ е изолирана политика. Ова е претседател кој сака да гради подобри односи со диктатори отколку со американските сојузници“.

Републиканците имаа свое присуство надвор од дебатата, кога со мал авион виореа постер: Социјализмот ќе ја убие економијата на Хјустон. Гласајте за Трамп 2020“.

Анкетите покажуваат дека поранешниот потпретседател и сенатор со 36-годишно искуство Џо Бајден, има 30 процентна поддршка во националните анкети. Ворен и Сандерс се виртуелно изедначени со 10 поени зад него.

Некои демократи гледаат на Бајден како премногу стар (76 години ) да се соочи со Трамп, кој има 73 години. Сандерс е уште постар со 78 години, додека Ворен има 70.

Иако, и самиот Бајден се опиша како „машина за производство на гафови“, сепак барем засега тоа не им пречи на анкетираните. И натаму, поранешниот потпретседател има силно водство меѓу демократските претседателски кандидати.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG