Линкови за пристапност

САД повторно ќе се приклучат во Советот за човекови права на ОН


Блинкен во соопштение рече дека чекорот е дел од заложбата на администрацијата на Бајден за „надворешна политика чие средиште ќе биде демократијата, човековите права и еднаквоста.“

Американскиот државен секретар Антони Блинкен најави дека САД ќе се вратат во Советот за човекови права на ОН како набљудувач.

Блинкен во соопштение рече дека чекорот е дел од заложбата на администрацијата на Бајден за „надворешна политика чие средиште ќе биде демократијата, човековите права и еднаквоста.“.

САД го напуштија Советот за човекови права во 2018-та, откако администрацијата на поранешниот претседател Трамп обвини дека Советот е пристрасен кон Израел, потребни се неопходни реформи, и во него членуваат држави кои се обвинуваат за најголемо кршење на човековите права, како Куба, Кина и Венецуела.

Блинкен денеска изрази слична загриженост, но оцени дека повлекувањето на „САД создало простор на недостиг на американско лидерство, кое го искористиле држави со авторитарни агенди за промовирање на сопствени цели“.

Американски официјални лица најавија дека САД наскоро ќе бараат надградба на статусот на набљудувач во постојана членка. Следните избори за пополнување на местата за членки се подоцна годинава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG