Линкови за пристапност

Бајден: „Не можеме повеќе да го оправдаме армиското присуство во Авганистан“


„Не можеме да го продолжиме циклусот на продолжување и пролонгирање на нашето воено присуство во Авганистан, и да се надеваме да креираме идеални услови за нашето повлекување, да очекуваме различни резултати“, рече Бајден.

Претседателот Бајден од Белата куќа им порача на Американците дека ќе ги повлече сите војници од Авганистан до 11-ти септември, затоа што неговата земја не може повеќе да го оправдува останување таму, две децении по терористичките напади врз Светскиот трговски центар и Пентагон.

Отидовме во Авганистан поради ужасниот напад коишто беше извршен пред 20 години“, изјави Бајден. „Тоа не може да биде објаснување зошто би останале таму и во 2021-ва.
Џо Бајден, претседател на САД


„Отидовме во Авганистан поради ужасниот напад коишто беше извршен пред 20 години“, изјави Бајден. „Тоа не може да биде објаснување зошто би останале таму и во 2021-ва“, порача претседателот.

„Не можеме да го продолжиме циклусот на продолжување и пролонгирање на нашето воено присуство во Авганистан, и да се надеваме да креираме идеални услови за нашето повлекување, да очекуваме различни резултати“, рече Бајден.

Американскиот лидер рече дека е четврти претседател кој го надгледувал американското воено присуство во Авганистан – претходно, двајца републиканци и двајца демократи, и се заложи дека нема да ја префрли одговорноста и на петтиот.

„По блиските консултации со нашите сојузници и партнери, со нашите воени лидери, и разузнавачките професионалци, со дипломатите и експертите, со Конгресот и со потпретседателката Харис, заклучив дека е време да се стави крај на најдолгата војна на Америка. Време е американските војници да се вратат дома“, рече Бајден.

Тој најави дека САД ќе го продолжат дипломатскиот и хуманитарен ангажман во Авганистан, и ќе ја поддржат владата во Кабул.

Бајден најави дека САД и сојузниците ќе ја поддржат обуката како и доставување опрема за 300.000 авганистански војници, и ќе ги поддржат мировните договори меѓу авганистанската влада и талибанските борци.

Претходно, и американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека е дојдено време да се вратат војниците од Авганистан.

Зборувајќи со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Брисел, Блинкен рече дека „постигнавме цели, кои ги зацртавме“.

„Ќе работиме заедно следните недели и месеци пред да следи безбедното, осмислено, координирано повлекување на силите од Авганистан“, рече тој, иако потенцираше дека заложбата за поддршка кон иднината на оваа земја и натаму останува.

Блинкен денеска се среќава со неколку европски сојузници во НАТО.

Со одлуката претседателот Бајден, САД ќе задржат 3000 американски војници во Авганистан по рокот од 1-ви мај, што беше договорено во Доха лани меѓу Талебан и кога претседател на САД беше Доналд Трамп.

Но, тие треба да заминат од Авганистан до 11-ти септември.

Талебан објави дека сакаат заминување на сите странски војници од Авганистан, согласно „датумот, конкретно одреден во Договорот од Доха“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG