Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека е дојдено време да се вратат војниците на НАТО од Авганистан.
Зборувајќи со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во Брисел, Блинкен рече дека „постигнавме цели, кои ги зацртавме“.
„Ќе работиме заедно следните недели и месеци пред да следи безбедното, осмислено, координирано повлекување на силите од Авганистан“, рече тој, иако потенцираше дека заложбата за поддршка кон иднината на оваа земја и натаму останува.
Блинкен денеска се среќава со неколку европски сојузници во НАТО. Генералниот секретар Столтенберг ја позрави можноста за блиски консултации за иднината на мисијата на НАТО во Авганистан.
Администрацијата на Бајден стави крај на неколкумесечните шпекулации за американските планови во Авганистан и објави дека ќе ги повлече преостанатите војници до 11-ти септември.
Facebook Forum