Главниот армиски шеф на САД призна дека било грешка за него што го придружувал претседателот Трамп на плоштадот Лафајет минатата недела, јави Асошиејтед Прес.
Армискиот генерал Марк Мајли, началник на Генералштабот на здружените вооружени сили на САД, изјави дека со неговото присуство „креирал перцепција дека војската е вклучена во домашната политика“, пренесе АП.
Потегот го нарече „грешка“, од која научил.
Мајли и секретарот за одбрана Марк Еспер пеш го придружуваа претседателот Трамп од Белата куќа преку плоштадот Лафајет на 1-ви јуни во време кога имаше жестоки улични протести во Вашинтон.
Претседателот се фотографираше со библија в рака пред Епископската црква Свети Џон.
Коментарите на генералот Мајли дадени на Националниот Универзитет за одбрана е прво јавно соопштение за настаните на плоштадот Лафајет, и излегувањето на претседателот Трамп, коишто Белата куќа ги правдаше како манифестирање „момент на лидерство“.
Facebook Forum