Линкови за пристапност

Волерс: нема промена во американската политика кон етничката припадност или идентитетот


Американскиот амбасадор во Македонија коментира на реакциите на сенатското сведочење на неговиот наследник Бејли

Нема промена во американската владина политика кон идентитетот или етничката припадност, подвлече денеска амбасадорот на САД Пол Волерс, одговарајќи на новинарско прашање во врска со сенатското сведочење на неговиот наследник Џес Бајли што предизвика жестоки реакции во македонската јавност, а беше предмет и на официјална реакција од македонското Министерство за надворешни работи.

Тој не даде изјава за етничката припадност или идентитетот. Тој одговори на прашање. Прашањето главно беше за Охридскиот рамковен договор. Тој одговори на тоа прашање парафразирајќи го прашањето назад до оној што го постави прашањето. Тој не даваше изјава. Воопшто немаше намера да даде изјава. Нема промена во американската владина политика кон етничката припадност или идентитетот
Амбасадорот на САД во Македонија Пол Волерс, за реакциите на сенатското сведочење на неговиот наследник Џес Бејли

„Тој не даде изјава за етничката припадност или идентитетот. Тој одговори на прашање. Прашањето главно беше за Охридскиот рамковен договор. Тој одговори на тоа прашање парафразирајќи го прашањето назад до оној што го постави прашањето. Тој не даваше изјава. Воопшто немаше намера да даде изјава. Нема промена во американската владина политика кон етничката припадност или идентитетот“, рече Волерс, според кого ова е резултат на недоразбирање и, како што кажа, мошне лошо и неточно известување.

Заменик-амбасадорот на САД Бартон Путни вчера беше повикан во Министерството за надворешни работи на Македонија, при што, според соопштението на Министерството, му била изразена загриженост поради несоодветното ословување на припадниците на македонското мнозинско население како „Словени“ од новоименуваниот американски амбасадор Џес Линпинкот Бејли на распитот во Сенатската комисија за надворешни работи на 17-ти септември годинава.

Ваквото ословување го доведува во прашање идентитетот и ги повредува чувствата на македонскиот народ. Едновремено, несоодветното ословување на македонскиот народ би можело да има негативни импликации на надворешен и внатрешно-политички план
Од соопштението на МНР

„Ваквото ословување го доведува во прашање идентитетот и ги повредува чувствата на македонскиот народ. Едновремено, несоодветното ословување на македонскиот народ би можело да има негативни импликации на надворешен и внатрешно-политички план“, наведе МНР во соопштението.

Од реакцијата на МНР се огради владејачката етнички албанска партија ДУИ.

На сенатскиот распит, сенаторот Крис Марфи, демократ од Конектикат, којшто раководеше со распитот, го праша Бејли каква е ситуацијата со Охридскиот договор денес, притоа наведувајќи дека во Македонија има „словенско мнозинство и албанско малцинство“.

Амбасадорот Бејли одговори дека во многу погледи е постигнат важен напредок, но дека останува уште многу да се стори и во делот каде што елаборираше на што работи Амбасадата, рече: „Исто така работиме во многу области, јавната дипломатија, преку програмите на Мировниот корпус, да изградиме чувство на заедничка иднина и толеранција меѓу етнички албанските и македонски населенија. Се разбира, би забележал дека во составот на македонското општество има многу повеќе отколку само Словени и Албанци. Има Турци, има Роми и други. Така, ова на многу начини е микрокосмос за богатството на Балканот и со цел сите тие населенија да видат заедничка иднина, мислам дека САД имаат важна улога со оглед на нашата историја и на нашиот сопствен збир на вредности во врска со ова“.

XS
SM
MD
LG