Линкови за пристапност

Продолжуваат протестите во Белорусија, американски законодавци го зголемуваат притисокот врз режимот


Конгресменот Крис Смит, републиканец од Њу Џерси, изјави дека бруталноста на белоруската полиција ја шокирала јавноста и американските законодавци бараат одговорност.

И натаму не стивнуваат протестите низ белоруските градови со барање за нови избори, а американските законодавци за четврти пат во 16 години усвоија проширена верзија на Актот за демократија во Белорусија, закон со кој се воведуваат санкции врз авторитарниот лидер Александар Лукашенко и неговите сојузници.

Белоруските протести траат веќе два месеци. Осум недели, десетици илјади маршираат низ главниот град Минск и другите поголеми регионални градови и бараат оставка на Лукашенко и одржување нови и фер слободни избори.

Меѓу барањата на демонстрантите е ѝ ослободување на сите политички затвореници.

Еден од нив е американскиот државјанин со белоруско потекло Витали Шклиаров. Политичкиот аналитичар кој што живее во Вашингтон, бил приведен на улиците во родниот Гомел на крајот од јули, кога престојувал во Белорусија да ги види родителите. Американските законодавци, изјавија за Гласот на Америка дека американската влада прави се што е неопходно за нивно ослободување.

Пораката до неговото семејство е дека нема да биде заборавен.
Џек Рид, сенатор од Роуд Ајланд


„Пораката до неговото семејство е дека нема да биде заборавен. Треба да го искористиме секој можен дипломатски притисок да издејствуваме негово ослободување, и ова прашање е од голема важност за нацијата“, изјави Џек Рид, сенатор од Роуд Ајланд.

Конгресменот Смит
Конгресменот Смит

Конгресменот Крис Смит, републиканец од Њу Џерси, изјави дека бруталноста на белоруската полиција ја шокирала јавноста и американските законодавци бараат одговорност.

„Сакаме имиња, за да може да воведеме санкции“, изјави Смит.

Сакаме имиња, за да може да воведеме санкции
Крис Смит, конгресмен од Њу Џерси


Смит е автор на четвртата верзија на Актот за демократија во Белорусија, кој што беше усвоен во комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом.

Законот ги зајакнува и проширува претстојните акти од 2004-та и 2006-та, и 2011-та и ги обновува личните, економски и санкции за визи за „официјални лица од белоруската влада и руски индивидуалци кои учествуваат во насилното згаснување на демонстрациите“.

„Санкции ќе бидат ефикасни. Се стеснува кругот околу Лукашенко“, изјави конгресменот Смит.

Активистите велат дека западните санкции испраќаат вистински сигнал до Лукашенко, но човекот, кој што неговите противници го опишуваат како „умешен за политичко балансирање“, и порано имал притисок, но не се повлекол.

„Мерките не се доволни. Тие нема да го принудат Лукашенко да го смени однесувањето“, предупреди поранешниот белоруски дипломат Валери Кавалеуски.

Во меѓувреме, мирољубивите протести ширум Белорусија, и натаму продолжуваат, секој ден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG