Американските сенатори Џим Риш (Републиканец од Ајдахо) и Боб Менендез (Демократ од Њ Џерси), највисоки по ранг членови во сенатската комисија за надворешни работи во Вашингтон, заедно со меѓу-партиска група сенатори од двете страни – Марко Рубио, Дик Дурбин, Линзи Греам, Џин Шахин, Бен Кардин, Мит Ромни, Крис Кунс, Рон Џонсон, Роб Портман и Тим Кејн, преставија резолуција со која се осудува згаснувањето на мирољубивите демонстранти во Белорусија и повикаа на воведување санкции врз одговорни официјални лица во Минск.
Резолуцијата испраќа силна порака дека САД ги поддржуваат храбрите про-демократски демонстранти во Белорусија, го предупредуваат Кремљ од воена интервенција во стилот на Крим и ја повикуваат администрацијата на претседателот Трамп да воведе санкции врз официјални лица одговорни за насилното згаснување на протестите и кршење на основните човекови права.Сенаторот Марфи за состојбата во Белорусија
„Резолуцијата испраќа силна порака дека САД ги поддржуваат храбрите про-демократски демонстранти во Белорусија, го предупредуваат Кремљ од воена интервенција во стилот на Крим и ја повикуваат администрацијата на претседателот Трамп да воведе санкции врз официјални лица одговорни за насилното згаснување на протестите и кршење на основните човекови права. Горд сум што ова е меѓупартиска резолуција за поддршка на белорускиот народ“, изјави сенаторот Марфи.
„САД треба да застанат зад белорускиот народ и да воведат санкции врз одговорните за кршење на човековите права против мирољубивите демонстранти“, изјави Рубио, сенатор од Флорида.
„Меѓупартиската резолуција покажува дека САД ги отфрлаат дискредитираните избори и ќе продолжат да стојат до храбриот народ на Белорусија во надежта за изградба на демократско општество“, изјави сенаторот Дурбин.
„Претседателот Лукашенко мора да го почитува гласот на белорускиот народ, да го запре згаснување на мирољубивите протести и владеење на правото во Белорусија. Меѓупартиската резолуција ги поддржа оние кои сакаат подобра, подемократска резолуција“, изјави сенаторот Кејн.
Facebook Forum