Линкови за пристапност

Сликата со невработеноста во САД може да се подобри со пристигнувањето на првите чекови помош


Владата на САД објави дека 770.000 работници поднесе барања да користат владина помош, што е 45.000 повеќе луѓе, споредено со минатата недела

Стапката на барањата за невработеност минатата недела се зголемиле, објави Одделот за труд, во време кога најголемата економија во светот продолжува и натаму да се мачи кон целосно оправување од штетата предизвикана од пандемијата со коронавирусот во нацијата.

Владата на САД објави дека 770.000 работници поднесе барања да користат владина помош, што е 45.000 повеќе луѓе, споредено со минатата недела.

Бизнисите во многу сојузни држави и натаму се соочуваат со директиви за запирањето на дневните операции, иако некои гувернери ги повлекоа наредбите за носење заштитни маски и дозволија некои бизниси да отворат со полн капацитет.

Невработеност во Омаха
Невработеност во Омаха

Стапката на невработеност во САД може да се подобри со пристигнувањето на првите чекови помош од 1,9 трилиони долари усвоениот масивен финансиски стимулативен пакет од Конгресот и потпишан од претседателот Џо Бајден, кој беше усвоен со поддршка од демократите, но не ѝ од републиканците.

Оваа владина мерка треба да го зголеми вработувањето, но и моќта на потрошувачите. Околу 2,4 милиони Американци сега се вакцинираат секој ден, а претседателот Бајден вети дека секој возрасен граѓанин ќе добие најмалку по една доза до крајот на мај. Повеќе од 113 милиони Американци примија најмалку по една доза од достапните три вакцини.

Нивната бројка расте, е полека се враќа чувството на нормалност во нивните животи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG