Линкови за пристапност

Бајден оди во Пенсилванија да ја промовира помошта за малите бизниси


Потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Емхоф, исто така, се дел од оваа кампања, кои, пак, патуваат во Колорадо

Претседателот на САД Џо Бајден денес патува во руралниот дел на сојузната држава Пенсилванија, како што неговата администрација се фокусира на малите бизниси во пакетот помош од 1,9 трилиони долари, кој тој го потпиша минатата недела.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, изјави дека Бајден ќе истакне како помошта ќе се користи за малите бизниси, кои се клучен дел од пакетот, вклучувајќи ги бизнисите што се во сопственост на малцинските заедници.

Потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Емхоф, исто така, се дел од оваа кампања, под мотото „Помошта е тука“.

Тие се среќаваат со сопственици на мали бизниси во Колорадо, веднаш по посетата на клиниката за вакцинирање против ковид-19 во оваа сојузна држава.

Бајден вчера изјави дека САД ќе постигнат две огромнни цели во наредните десет дена -100 милиони вакцинирани, и 100 милиони директни чекови за Американците.

„Американскиот план за спас веќе го постигнува тоа за што беше наменет, да направи разлика во секојдневниот живот на граѓаните“, рече Бајден.

Лидерот на малцинството во Сенатот Мич Меконел, рече дека претседателот не треба да зема премногу заслуга за „оптимистичната пролет пред нас“.

„Основата што ја поставивме ние минатата година покажува историски успех“, рече Меконел.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG