Линкови за пристапност

Русија ја почитува народната волја во Украина


Лавров вели дека намалувањето на напнатоста во Украина е единствено можно цо дијалог меѓу Киев и сепаратистите

Москва вели дека ќе го почитува гласањето во корист на самоуправувањето во два источно-украински региони и повика резултатите да бидат имплементирани преку дијалог меѓу Киев и сепаратистичките лидери.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека намалувањето на напнатоста во Украина е единствено можно, ако Киев и сепаратистите разговараат, отфрлајќи ја потребата од меѓународна средба.

Привремениот претседател на Украина го оцени референдумот како „пропагандна фарса без правна основа“.

Александр Турчинов пред украинскиот парламент рече дека референдумите не се ништо друго освен „пропаганда за прикривање на убиства, киднапирања, насилства и друг сериозен криминал“.

Сепак, претседателот рече дека сака „да продолжи дијалогот со оние источниот дел од Украина кои немаат крв на рацете и кои се подготвени да ги бранат целите на легитимен начин“.

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска се среќаваат да определат какви дополнителни санкции да воведат спрема Русија поради неодамнешното припојувањето на Крим.
XS
SM
MD
LG