Рускиот претседател Владимир Путин денес на Крим ја одбележа победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна. Ова беше негова прва посета на полуостровот, откако Москва го анкесираше во март.
Обраќајќи им се на воените ветерани и офицери во Севастопол, каде е сместена руската Црноморска флота, Путин кажа дека 2014-та ќе остане во сеќавањето како „годината кога луѓето коишто живеат тука решија да бидат заедно со Русија“ и со тоа ја потврдија својата „верност на историската вистина и сеќавањето на нашите претци“.
Претходно во текот на денот, Путин на Црвениот плоштад во Москва ја проследи големата парада по повод Денот на победата, во која учествуваа 11.000 руски војници, како и оружје од големиот арсенал на земјата.
Во меѓувреме, дојде до нови судири меѓу украинските сили за безбедност и проруските милитанти во градот Мариупол, во југоисточниот дел на Украина. Овојпат, судрите беа пожестоки од оние од минатата недела, а украинските сили употребија и тенкови и останато тешко оружје. Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека силите за безбедност убиле 20-тина проруски бунтовници коишто се обиделе да го заземат седиштето на полицијата во Мариупол. Загинал и еден припадник на украинските сили, а петмина биле повредени.
Асошиетед прес јави дека нејзин новинар видел три тела во близина на полициската станица, од коишто едното било на полицаец. Сведоци јавуваат дека полициската станица се запалила за време на борбите.
Проруските сепаратисти во источниот дел на Украина, пак, не се откажуваат од референдумите за отцепување во регионите на Донецк и Луганск, закажани за во недела, и покрај повикот на Путин тие да се одложат.
Во друг развој на ситуацијата, Русија денес и` наложи на Украина да плати однапред за доставата на гас.