Линкови за пристапност

Трамп се закани дека перманентно ќе го скрати финансирањето на СЗО


Претседателот на САД го правдаше земањето на хидроксихлорохин

Претседателот на САД Доналд Трамп кој неколкупати беше тестиран негативен за коронавирус, ја бранеше одлуката да зема хидроксихлорохин.

Тој потврди дека го зема лекот изминатите две недели и ги отфрли непотврдените испитувања за него.

Засега е нејасно за ефикасноста од лекот против коронавирусот, но може да има сериозни странични ефекти, вклучувајќи и проблеми со срцето.

„Јас не би препорачал луѓето самите да го консумираат, превентивно против вирусот, зашто освен користа од него, има ризици“, предупреди Дејвид Силвијан, професор по молекуларна микробиологија при Универзитетот Џонс Хопкинс.

Во средиштето на јавната дебата и критики за лекот хидроксихлорохин, претседателот Трамп повторно се закани дека перманентно ќе ги скрати финансирање на Светската здравствена организација и ги обвини СЗО дека ѝ дозволуваат на Кина да ја прикрие вината за пандемијата со коронавирусот.

„Треба да реагираат. Треба подобро да си ја вршат работата. Мора да бидат пофер спрема други држави, вклучувајќи ги и САД“, изјави Трамп.

Поради растечката критика од САД, земјите-членки на СЗО се согласија на внатрешна истрага за одговорот на Агенцијата на ОН при појавата на пандемијата.

Кинескиот претседател Ји Џипинг ја поздрави истрагата и изјави дека со нетрпение очекува пандемијата да биде сузбиена на глобално ниво. Тој најави дека Кина ќе обезбеди две милијарди долари помош за одговор на земјите во развој врз ширењето на Ковид-19.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG