Биотехничката компанија Модерна, од Масачусетс, во март започна со првото тестирање на вакцината против коронавирус, на луѓе.
Вчера објавените, првични, резултати покажаа дека кај осуммината здрави доброволци се креирани неутрализирачки антитела. Тоа значи дека не само што антителата се креирани, туку тие антитела всушност го блокирале процесот на реплицирање на вирусот.
Ова е првата од трите фази на тестирање на вакцината.
Сеуште не е јасно како вирусот ќе се однесува на поголем примерок. Сега Модерна ќе го прошири тестирањето на стотици лица, и во јули планира да тестира на илјадници. Целта е да се види дали вакцината е безбедна и ефикасна да се даде на милиони луѓе.
Модерна вели дека вакцината може да биде достапна до почетокот на 2021. Но, пред тоа треба да биде одобрена од Федералната агенција за лекови.
Ако оваа не успее, добро е што уште најмалку 70 други потенцијални вакцини се во подготовка.
Иако има многу работа додека вакцината биде спремна за користење, фактот што оваа ја помина првата пречка, дава надеж за првиот чекор на спасување животи, отварање на економијата и враќање на животот во нормала.