Линкови за пристапност

Претседателот Трамп од Белата куќа се осврна на „победата“ по гласањето во Сенатот


Трамп и натаму инсистираше дека не сторил „ништо погрешно и оти минал низ нефер пекол“.

Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати од Белата куќа во врска со ослободувањето од вина во процесот за импичмент.

Неколку часа за време на Молитвениот појадок се појави со насловна страница од весник на кој пишуваше „Ослободен“, и од Белата куќа се осврна на како што го нарече „славењето“ по двете ослободителни пресуди синоќа во Сенатот за кои се гласаше за негов импичмент.

Трамп и натаму инсистираше дека не сторил „ништо погрешно и оти минал низ нефер пекол“.

Трамп обвини дека „некои од најнечесните и корумпираните луѓе“ барале тој да биде отповикан преку измама.

„Тие направија се што е можно за да не уништат и толку лошо да ја повредат нашата нација“, рече Трамп.


Тој ги поздрави, како што ги нарече „храбрите републикански политичари и лидери“, кои цело време го поддржуваа со отфрлање на обвиненијата за импичмент, истакнувајќи дека „тие имале знаење, и сила, да застанат зад тоа што е исправно“.

Го нападна републиканскиот сенатор Мит Ромни, иако не го спомена по име, со кој, сенаторот од Јута го правдаше неговиот глас за импичмент за злоупотреба на моќта во неговото претседателство, и кој рече дека како посветен Христијан со длабоки верски убедувања, не можел да го игнорира барањето од Трамп до украинскиот претседател да отвори истрага против Бајден, негов против-кандидат на изборите 2020.

„Не се работи дали ми се допаѓаат такви луѓе, туку се молам за нив, кои не знаат што прават“, истакна претседателот Трамп.

Сенатот гласаше 52 спрема 48 за ослободување на претседателот од вина за злоупотреба на функцијата. Трамп, исто така беше прогласен за невин за опструкција на Конгресот со 53 спрема 47 гласови.

Со тоа заврши речиси четири месечниот обид на конгресните демократи да го отстранат Трамп од функцијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG