Линкови за пристапност

Мулер заинтересиран да го интервјуира Трамп


Двата тима веќе одржале состанок

Американскиот специјален советник кој истражува за руската вмешаност во изборите во САД во 2016-та дискутирал со адвокатскиот тим на Доналд Трамп за можноста да го интервјуира претседателот во процесот.

Двете страни се сретнале минатиот месец, и според упатени извори во постапката, не се утврдени детали за евентуално интервју.

Поранешниот директор на ФБИ Роберт Мулер, со месеци ја предводи истрагата која досега резултираше со покренување обвиненија против четири лица, вклучувајќи го и поранешниот прв човек на кампањата на Пол Манафорт и поранешниот советник за национална безбедност Мајкл Флин.

Истрагата е исто така насочена дали претседателот Трамп се обидел да изврши опструкција на работата на ФБИ со смената на поранешниот директор Џејмс Коми.

Адвокатот на Белата куќа Тај Коб, изјави дека актуелната администрација не ја коментира истрагата на Мулер и соработува во процесот, со цел да се стаса до најбрза конечна разврска.

Американски разузнавачки агенции минатата година излегоа со заклучок дека Русија извршила кампања чија мета биле американските избори за да и` наштетат на кампањата на демократската Хилари Клинтон и да му помогнат на републиканецот Трамп.

Трамп неколкупати негираше дека неговата кампања има врски со Русија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG