Ставањето крај на затворањето на Владата е во фокусот на новата средбата меѓу претседателот Доналд Трамп и конгресните лидери, што е закажана за денеска во Белата куќа.
Средбата доаѓа еден ден откако Претставничкиот дом, што е веќе под водство на демократите, гласаше за отворање на Владата, како и за финансирање на Одделот за домашна безбедност до почетокот на февруари.
Но, ниту една од мерките не ги вклучува петте милијарди долари што претседателот Трамп ги побара за довршување на ѕидот долж границата со Мексико. Тоа воедно ја намалува шансата дека изгласаното од Претставничкиот дом ќе помине и кај Сенатот, којшто е под контрола на републиканците. Не се исклучува ниту можноста за вето од страна на Трамп.
Средбата меѓу Трамп и конгресните лидери доаѓа пред почетокот на третата недела од затворањето на Владата. За настанатата ситуација претседателот ги обвинува демократите. Во меѓувреме, околу 800.000 државни службеници веќе две недели работат без плата.