Линкови за пристапност

Трамп отповикан од функцијата во Претставничкиот дом


Процесот се префрла во Сенатот, најверојатно во јануари

Претставничкиот дом доцна синоќа гласаше за отповикување на претседателот од функцијата под обвинувања за злоупотреба на функцијата и опструкција на конгресната истрага.


Нејасно е колку брзо процесот ќе се префрли во Сенатот и ќе почне расправата и гласањето за импичмент во овој законодавен дом, каде не се очекува да има мнозинство гласови за отповикување од функцијата со оглед дека републиканците го држат мнозинството. Лидерот на републиканците во Сенатот Мич Меконел рече дека распитот ќе биде број 1 приоритет во јануари, и за тоа се очекува денеска да се осврне од сенатската говорница.

Претходно, во Претставничкиот дом се гласаше по партиска линија по двете одредби за кои се товареше претседателот.

Тој стана трет претседателот во 243 годишната историја на САД што е отповикан од функцијата во Претставничкиот дом.

Кусо по гласањето, Белата куќа објави соопштение кое го нарече импичментот шарада и кулминација на најсрамна политичка епизода во историјата на нацијата.

Понатаму во соопштението се вели дека „претседателот е убеден дека Сенатот ќе го поврати редот и фер процесот, кои што беа игнорирани во Претставничкиот дом. Тој е подготвен за следните чекори од постапката и убеден дека ќе биде ослободен од сите обвинувања за импичмент.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG