Линкови за пристапност

Трамп: Импичментот е политички добар за мене


Мешани реакции по денешниот гласање во Законодавно-правната комисија на Претставничкиот дом

Откако законодавно-правната комисија на Претставничкиот дом на САД усвои две одредби за импичмент на американскиот претседател Трамп, отварајќи го патот за гласање во Претставничкиот дом со полн состав што би можело да се случи следната недела, во политички Вашингтон, жестоки реакции.

Следно е што по гласањето во Претставничкиот дом, ќе уследи гласање во Сенатот, на почетокот од следната година.

Членовите на комисијата гласаа по партиска линија.

Двете одредби, кои го обвинуваат Трамп за злоупотреба на функцијата и опструкција на конгресната истрага, беа одобрени со 23 спрема 17 гласови.

Неколку моменти пред гласањето, портпаролката на Белата куќа Стефани Гришам, издаде соопштение во кое го отфрли гласањето.

„Очајната шарада за истрагата за импичмент во конгресната комисија за правосудство стаса до срамен крај. Претседателот очекува во Сенатот да добие фер третман во процесот во кој срамно му беше оневозможено да ги изнесе своите аргументи во Претставничкиот дом“, истакна Гришам.

„Никогаш во историјата на земјата, еден претседател не бил толку нефер третиран во срамна истрага со еднострано сведочење со кое се поткопува волјата на американскиот народ. Американскиот народ ги има фактите, може да ги чита записите. Демократите во Конгресот треба да го слушнат гласот на американскиот народ и да отфрлат партиски импичмент, кој беше тотално губење на време“ изјави Кејти Валдман, портпаролка на потпретседателот Мајк Пенс.

Републиканскиот конгресмен Даг Колинс, највисок по ранг републиканец во конгресната комисија, издаде соопштение во кое ги обвини демократите дека играат нечиста политика со одложување на гласовите по часови дебатирање во четвртокот.

Републиканците негодуваат дека случајот против Трамп е неконзистентен, и конгресната комисија избрза во изнесување преран заклучок, без да сослуша повеќе сведоци.

Претседателот Трамп и натаму негира дека го прекршил Уставот и ја отфрли постапката за импичмент. За неговата контроверзна телефонска дискусија со украинскиот претседател Зеленски, се осврна дека била „перфектна“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG