Американскиот претседател Доналд Трамп објави обнова на економијата којашто доживува огромен удар поради пандемијата со коронавирусот.
„Пред два месеци имавме, најдобра економија во светот!. Пак, ќе бидеме најдобри. И тоа ќе се случи мошне брзо“, најави претседателот.
Тој рече дека некои Американци ќе се вратат, безбедно на своите работни места.
„Повторно ќе ја отвориме економијата. Светот гледа кон нас, зашто што сме светски лидери“, изјави Трамп.
Во моментов, САД имаат над 69.000 починати, а според последните проекции до крајот на август од коронавирус ќе починат 134.000 луѓе. Повеќе од 30 милиони луѓе се привремено дома и бројката на невработени секоја недела се зголемува.
За пандемијата во глобални рамки, Трамп оцени: „Тоа што се случува, никогаш не требаше да се случи. Кина требаше да не информира, ако имаат проблем. Сакаме да пронајдеме што се случи, за никогаш повеќе да не се случи“.
Претседателот Трамп зборуваше надвор од Белата куќа на првата посета од Вашингтон во два месеци. Тој посети фабрика за производство на заштитни маски во Феникс, Аризона.
Аризона се очекува да биде клучна сојузна држава во претседателските избори во САД, а против-кандидат му е поранешниот потпретседател Џо Бајден.
Facebook Forum