Во првата фаза од планот на гувернерот Грег Абот за повторно отворање на Тексас, државните плажи целосно беа отворени минатата недела.
Во крајбрежниот град Галвестон, во Мексиканскиот Залив, патролите на плажа пријавиле илјадници посетители во текот на викендот.
Галвестон дозволи плажите да се отворат во петокот, сепак нагласувајќи дека најголем приоритет е здравјето на жителите. Официјални лица ги повикаа жителите да „продолжат со мерките на претпазливост и да ги следат насоките на државните и здравствените во врска со КОВИД-19, вклучително и социјално дистанцирање и да избегнуваат собирање на повеќе од десет лица“.
Видеа и фотографии од плажите во текот на викендот покажаа дека сите не ги сфатија сериозно тие предупредувања.
Мерката за останување дома во Тексас истекува на 8 мај.
Facebook Forum