Придружувајќи го гостинот од Даблин во Белата куќа, ирскиот премиер Лео Варадкар, претседателот Трамп се произнесе дека „Брегзит предизвикува поделби меѓу државите“.
Тој изрази разочараност за текот на преговорите околу Брегзит.
Претседателот ја советувал британската премиерка Тереза Меј како да преговара за разделба од Унијата, но „таа не го послушала“.
Запрашан од новинар, дали верува дека треба да се организира втор референдум за Брегзит во Британија, Трамп одговори дека не верува дека тоа би било можно, а и` „не е фер кон граѓаните кои што гласале со поголемо мнозинство од оние кои што биле против“.
Во 2016-та, Британија со тесно мнозинство гласаше на референдум да се раздели од ЕУ, политички и економски.
Трамп за време на традиционалните средби со лидерите од САД и од Ирска по повод Свети Патрик, му остави можност на ирскиот премиер Варадкар, да се осврне за Брегзит.
„Со сета почит, имаме различни мислења за Брегзит“, рече Варадкар. „Жалам што Брегзит и` се случи на Велика Британија, која беше важен дел од ЕУ“.
Најголем предизвик за Ирска е Брегзит да не предизвика проблеми за Северна Ирска, која гласаше да остане во рамки на ЕУ.
Британскиот Парламент денеска гласаше за одложување на Брегзит, кој што е закажан со конкретен датум - 29-ти март.
Ова беше трет обид на премиерката Меј да ги убеди скептичните законодавци да го поддржат нејзиниот план за излез од ЕУ.
Facebook Forum