Линкови за пристапност

Пад на тестостеронот кај мажите откако ќе станат татковци


Пад на тестостеронот кај мажите откако ќе станат татковци
Пад на тестостеронот кај мажите откако ќе станат татковци

Откритието можно е поволно да се одрази на здравјето

Претходните студии открија дека татковците имаат помало ново на тестостерон, споредено со мажите кои не се татковци. Сепак, биологот антрополог Кристофер Кузава вели дека за ова има две можни објаснувања.

„Дали татковството го намалува тестостеронот? Или, дали мажите со мало ниво на тестостерон имаат поголеми шанси да станат татковци. Она што сторивме, следевме одредена група мажи и го меревме нивното ниво на хормони пред и откако станале татковци“, вели Кузава.

Кузава и неговите колеги работеле на студијата 10 години, а во неа учествувале група мажи од Филипините. Притоа се мерело нивото на тестостерон во период од 2005 и 2009 година. Во тоа време, некои од мажите се` уште немале деца, а некои станале татковци.

„Токму кај вториве забележавме најголемо намалување на тестостеронот“, изјави Кузава.

Тој додава дека нивото на овој хормон се намалил за речиси половина веднаш откако се родило детето, по што незначително се зголемило. Мажите кои биле активно вклучени во грижата на нивните деца природно произведувале помало количество на тестостерон во споредба со мажите кои не биле ангажирани во одгледување на детето.

Можно е мажите да се така програмирани, со пониско ниво на тестостерон, со цел повеќе да се фокусираат на улогата на татко. Кузава додава дека намалувањето на овој хормон има и одредени бенефиции по здравјето.

„Големо ниво на тестостерон може да го зголеми ризикот за болести како рак на простата и тестикуларниот рак. Тестостеронот може и да го ослаби и имунолошкиот систем“, смета овој научник.

Студијата на Кристофер Кузава и неговите колеги е објавена во Интернет изданието на Националната академија на науки.

XS
SM
MD
LG