Линкови за пристапност

Teachhoot - прва образовна интернет платформа во Македонија


Teachhoot – прва образовна интернет платформа во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:23 0:00

Teachhoot – прва образовна интернет платформа во Македонија

Револуционерен потег што штеди време и пари на сите кои сакаат да научат нешто повеќе од вообичаениот начин на учење

Само со еден клик од вашиот домашниот комјутер за секоја нерешлива задача, сега може да имате брз и точен одговор, со помош на „Teachhooт“, првата образовна онлајн платформа во Македонија. Губењето време и барањето на решение преку стандардните часови може да биде минато. За оваа образовна програма времето и просторот не претставуваат никаков проблем. Основачите на истата објаснуваат зошто е тоа така.

„Ние со нашата платформа ги обединивме сите овие процеси и ги ставивиме онлајн со тоа што самиот процес на пребарување на туторот и стапување во контакт, закажување на час, наплата и одржување на самиот час се одвива на инашата интернет страница Teachhoot.com, вели Тошо Мицевски, основач и креатор на „Teachhooт“.

Коосновачот Дејан Живковски вели дека сите ќе имаат бенефит од ваквата програма:

„Дефитивно ова е ревулуционерен потег и за нас како претприемачи и стартап фирма. Навикнувањето на луѓето ќе биде потешко, но кога ќе се видат бенефитите од ваквата револуција за начинот на учење и заштедата на простор и на време, мислам дека ќе биде добро“, вели Дејан Живковски, коосоновач на „Teachhooт“.

Во моментот платформата располага со 34 тутори, односно професори по различни предмети, комјутерско програмирање и изучување кинески јазик.

„Секој кој ќе се регистрира може да види каков тутор му треба и по кој предмет. Со самиот клик, тој веднаш доаѓа до информација кој е туторот и кога е слободен за часови. Тоа навидум изгледа како многу сложен процес, но во суштина е многу едноставен“, вели туторот Татјана Гогоска.

Образовната платформа според основачите е единствена не само во Македонија туку и во регионот. Вакви и слични програми веќе посотојат во Европа и САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG