Линкови за пристапност

Пендаровски за Гласот на Америка: „Америка, 30 години покажува, дека е наш вистински пријател“


Пендаровски, интервју за Гласот на Америка
please wait

No media source currently available

0:00 0:06:16 0:00

Пендаровски, интервју за Гласот на Америка

Ексклузивно интервју на македонскиот претседател за Гласот на Америка на македонски за стратешките односи со САД, кризата со бегалците од Авганистан и очекувањата за поголем ангажман на Балканот од новата американска администрација.

Глас на Америка: Кој е сублиматот од годинешната порака од ОН - во време кога светот, и натаму се соочува со глобалната пандемија?

Пендаровски: Јас тоа го реков во мојот настап и од колегите од целиот свет гледам, провејуваше таа теза, добро е што по едногодишна пауза се собравме во еден значен дел во живо. Околу 30 проценти од шефови на држави не се тука. Околу две третини беа во Њујорк. Тоа ни овозможува и билатерални средби.

Глас на Америка: Дали очекувате од новата американска администрација, во Вашингтон, предводена од претседателот Бајден, да го задржи фокусот и интересот кон Балканот? Зошто е тоа важно, особено во време на предизвици за регионот?

Пендаровски: Да бидам искрен ние се уште очекуваме поголемо присуство на новата американска администрација на Западниот Балкан. Претходната администрација имаше еден специфичен да го наречам со дипломатски јазик – дискурс на гледање на западнобалканските работи, па дури и слушавме идеи за промена на границите, на луѓе и територии. Од оваа администрација, тоа не го слушаме.

Глас на Америка: Дали неочекуваниот хаос во Авганистан, по окончувањето на американскиот воен ангажман, се најде на врвот од разговорите при официјални средби на шефови на држави, но и на маргините во ОН?

Ние, како една од најмалите земји според територија, луѓе и ресурси покажавме една од најбрзите реакции. Бевме меѓу првите 4-5 земји во светот и излеговме со изјава и прифативме до овој момент околу 200 бегалци од Авганистан
Пендаровски, претседател на Северна Македонија


Пендаровски: Не постоеше ниту еден говор, и ниту една земја-членка да не беше споменато прашањето на Авганистан. Некои го вметнуваа во контекст на евентуалната бегалска криза, или во контекст на заканат на меѓународниот тероризам. Ние, како една од најмалите земји според територија, луѓе и ресурси покажавме една од најбрзите реакции. Бевме меѓу првите 4-5 земји во светот и излеговме со изјава и прифативме до овој момент околу 200 бегалци од Авганистан.


Глас на Америка: Прифаќањето на авганистански бегалци од Северна Македонија, е врвен етички момент, но дали, е дел и од некој договор, партнерство, важно со НАТО, а уште поважно со САД, со што Македонија се наметнува, сега, не како корисник, туку придонесувач, со сојузниците, и во лошо и во добро?

Пендаровски: Станува збор за една генерална одредба и кога влегувате во НАТО и пред да станете членка, имаме обврска да се усогласуваме со генералната политика. Но, на прво место е на нашата морална одговорност. Ние и самите низ историјата и како народ и како држава сме поминувале низ вакви ситуации и самите сме биле предмет на вакви протерувања. Знаеме, што значи кога ќе подадеш рака. Сега имаме пријатели, и тој гест никогаш нема да го заборават.

Глас на Америка: 26-те години дипломатски односи помеѓу Северна Македонија и САД се карактеризираат со силни меѓусебни врски и релации, на многу полиња, не само во НАТО. Како ги оценувате односите со САД, денес?

Без поддршката на САД во изминатите 30 години, од нашата независност, особено кога ни беше најтешко, прашање е каква и дали ќе ја имавме.
Пендаровски, претседател на Северна Македонија


Пендаровски: Ние имаме континуитет со САД. И пред овие 26 годни, ние имаме дипломатски контакти и пред формално да ги воспоставиме таквите односи. Барем неколку години и пред САД да отворат Амбасада во Скопје. Тој чин од раните 1990-ти не можеме никогаш да ги заборавиме. Без поддршката на САД во изминатите 30 години, од нашата независност, особено кога ни беше најтешко, прашање е каква и дали ќе ја имавме. Не само за рамковниот договор, имавме стратешко партнерство, константно помагање да влеземе во НАТО, пред Преспанскиот договор... Америка, 30 години покажува дека е наш вистински пријател.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG