Линкови за пристапност

Стејт департментот го објави извештајот за почитувањето на верските слободи во Северна Македонија за 2020-та


Годишниот извештај на Стејт департмент, кој го опишува статусот на верските слободи во секоја држава во светот, го презентираше државниот секретар на САД, Антони Блинкен.

Во годишниот извештај на Стејт департментот за состојбата со почитувањето на верските слободи во светот се посочува дека Уставот на Северна Македонија забранува верска дискриминација и предвидува слобода на религијатa и религиозното изразување.

Уставот предвидува еднаквост пред законот за сите лица без оглед на верскaта определба.

Годишниот извештај на Стејт департмент, кој го опишува статусот на верските слободи во секоја држава во светот, го презентираше државниот секретар на САД, Антони Блинкен.

Во делот за Сeверна Македонија во извештајот за 2020 година се нотира дека Уставот наведува пет религиозни групи кои автоматски добиваат ослободувања од данок, додека другите верски групи мора да се регистрираат за да ги добијат истите придобивки. Тоа се: Македонската Православна Црква, Исламската заедница, Католичката Црква, Евангелистичко-методистичката црква и Еврејската заедница.

Се наведува дека пријавите за регистрација од страна на Православната охридска архиепископија и Бекташката заедница (Тетово) остануваат отворени во очекување на одлука на скопскиот Основен суд II, по извештајот на Европската комисија во мај 2019-та, со кој се повикува владата да изврши усогласување со претходната пресуда на Европскиот суд за човекови права дека владата треба да ги преиспита своите претходни одбивања на апликациите на овие групи.

Бекташката заедница (Тетово), повторно пријавила вознемирување на своите членови од владата и Исламската верска заедница во Северна Македонија.

ИВЗ соопшти дека Владата продолжила да ја фаворизира Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), а помалите религиозни групи продолжиле да пријавуваат нееднаков третман на владата споредено со петте уставно именувани групи, стои во извештајот на Стејт департментот, во делот за Македонија.

Во септември, претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев испратиле писма до Севселенскиот патријарх Бартоломеј Први да ја признае Македонската православна црква, потег што Охридската архиепископија го окарактеризирал како мешање во верските прашања. На 10-ти март, владата во Скопје во усвои Меѓународниот документ за Сеќавање на жртвите од Холокаустот.

На 7-ми февруари, владејачката партија СДСМ, како одговор на антисемитското расположение по социјалните медиуми, ги осуди сите „форми на говор на омраза, анти-семитизам и било која форма на директна или индиректна дискриминација, на индивидуалци, или групации“.

Во извештајот, се наведува ангажманот на претставници на американската амбасада заедно со владини претставници, за да разговараат за верските слободи и толеранција, вклучително и за, како што стои во извештајот, „подобрената меѓуверска соработка и владиното почитување и еднаков третман на верските групи, вклучувајќи ги Бектешите од Тетово, Евреите и Евангелистичките методисти.

Демонстранти од Фалун Гонг во Пекинг
Демонстранти од Фалун Гонг во Пекинг

Од останатите земји шурум светот, САД санкционира виш официјален пратеник на Кинеската комунистичка партија за вклученост во „грубо кршење на човековите права, како и приведување на следбениците на Фалун Гонг поради нивните верски уверувања“

Санкциите врз Ју Хуи, поранешен директор на Централната водечка група за превенција и справување со религиозните уверувања, во Ченгду, провинцијата Сечуан, беше објавена од државниот секретар Блинкен на преставувањето на Годишниот извештај на Стејт департментот –

https://www.state.gov/reports/2020-report-on-international-religious-freedom

На Ју Хуи и неговото семејство повеќе не им се дозволува да влезат во САД. Во годишниот извештај се наведува дека Кина продолжува да им ја сузбива верската слобода, особено на членови на Фалун Гонг.

Извештајот го критикува и Мјанмар за третманот на етничкото малцинство Рохинга.

Малцинството Рохинга во Мјанмар
Малцинството Рохинга во Мјанмар

“Рохинга во Бурма и натаму се соочуваат со жестока репресија и ограничување на слободата на движење, пристап до образование, здравствена нега врз база на нивното етничко потекло, религија и државјанство“, се вели во извештајот.

Русија исто така се потенцира како земја која врши прогон на нејзините државјани врз база на верското убедување.

Турција, која е секуларна држава, исто така е спомната во извештајот за верските малцинства.

„Владата во Анкара продолжува да ги сузбива малцинските верски групи во обука на свештенството, а Грчката Православна Школа Халки, ѝ натаму е затворена“, се вели во извештајот.

Американскиот Стејт департмент ги доставува извештаите до Конгресот во согласност со Законот за меѓународна верска слобода од 1998 година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG