Линкови за пристапност

Перцепцијата за Северна Македонија и Албанија е дека се најкорумпирани земји на Западниот Балкан, според извештај од Стејт департментот


Во критериумите со кои се анализираат странските економии од Стејт департментот спаѓаат: отвореноста за инвестиции, правните и регулаторни политики на земјата, фирми кои се во сопственост или имаат најголемо учество од државата, но и степенот на корупција во општеството.

Американскиот Стејт департмент го објави годишниот извештај за климата за инвестирање во повеќе од 170 земји и економии. Извештајот го подготвуваат економските аташеа по амбасадите на САД ширум светот и анализираат разни видови на сегменти на економии што се веќе пазари, или потенцијални пазари за американските бизниси и бизнисмени.

Слика за Северна Македонија за инвеститори
Слика за Северна Македонија за инвеститори

Во критериумите со кои се анализираат странските економии од Стејт департментот спаѓаат: отвореноста за инвестиции, правните и регулаторни политики на земјата, фирми кои се во сопственост или имаат најголемо учество од државата, но и степенот на корупција во општеството.

Извештајот од Вашингтон издвојува и одредени предизвици и бариери, локални правни пречки, недостиг од соодветна транспарентност, проблеми со корупцијата и сектори кои се затворени за странски инвестиции.

Во делот за Северна Македонија се наведува дека земјата сега е членка на НАТО и ќе почне преговори за членство со ЕУ, што ќе ѝ помогне да го зголеми нивото на странски инвестиции и економски растеж.

Во извештајот Дуинг Бизнис за 2020-та, Северна Македонија има пад од седум места од лани и сега е 17-то место од 190 земји во светот. Од меѓународната агенција за кредитниот рејтинг Фич, Македонија има подобра позиција од ББ на ББ+ со стабилни параметри, а од Стандард и Пур доби оценка од ББ-.

Според Индексот на корупцијата на Транспаренси Интернешенал во општеството, рангирана е на 106-то место од 180 земји во светот, пад од 13 места, споредено со минатата година.

Исто, како и Северна Македонија, и Албанија од предничи во регионот, според степенот на корупција и се наоѓа на 106-тото место од 180 земји во светот. Според Дуинг Бизнис за 2020-та, оваа земја има пад од 19 места и се наоѓа на 82-рото место.

Значителен напредок Албанија има направено во сферата на Агендата за дигитална револуција, при што 61% од јавните услуги за државјаните и бизнисите се достапни преку Интернет на E-Albania Portal. Ваквиот начин, се вели во извештајот, треба да помогне во спречување на корупцијата преку можноста за директен контакт до функционерот.

Од другите соседи на Северна Македонија, извештајот на Стејт департментот ги издвојува Србија и Косово.

За Србија, се вели дека бележи скок од четири места во 2020-та за Дуинг бизнис на Светската банка и сега е рангирана како 44-та, при што се наведува дека привлекувањето странски инвестиции останува врвен приоритет за српската влада. Во Индексот за корупцијата, оваа земја е на 91-во место од 180 држави во светот.

Србија и Косово договорија нормализирање на економските односи
Србија и Косово договорија нормализирање на економските односи

За Косово, се вели дека поддршката од УСАИД и овозможува на владата во Приштина да продолжи да ги спроведува неопходните реформи за привлекување странски инвестиции. Во 2020-та, Косово е рангирано на 57-мо место од 180 економии и се наоѓа меѓу 20-те земји во светот што имаат направено најголем исчекор на ова поле. Меѓутоа, Стејт департментот предупредува дека стапката на невработеност (официјално 27% во 2019-та) претставува најголема загриженост и предизвик за оваа земја. Исто така има голема дискрепанција за лицата кои бараат работа за прв пат, и жените во ова млада држава на Балканот, се наведува во извештајот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG