Линкови за пристапност

Македонската економија во надолна линија - експертите советуваат изготвување мерки за поддршка


Македонската економија во надолна линија - експертите советуваат изготвување мерки за поддршка
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Македонската економија во надолна линија - експертите советуваат изготвување мерки за поддршка

Сериозни економски реформи, ревитализација на економијата преку идентификување на потенцијалите кои во иднина треба да претставуваат мотор на економскиот развој но и носење на брзи и итни мерки. Ова треба да бидат едни од првите приоритети на новата Влада, вели економскиот експерт Благица Петрески, а со цел ублажување на последиците предизвикани од корона кризата.

„Тука мислам на сектори кои имаат повисока додадена вредност и на компании кои можат да направат брза преадаптација. Ревитализацијата бара брзи и итни мерки, односно дополнително дизајнирање на мерките кои што веќе постоеја, преку дополнително поспецифично таргетирање на засегнатите компании, се со цел средствата да стигнат кон оние компании кои имаат најголема потреба“ вели Благица Петрески, извршен директор на Институт за економски истражувања Finance Think.

Петрески вели дека според нивните проекции домашната економија ќе претрпи пад од околу 4 %.

„Во еден дел предизвиците со кои се соочува оваа Влада се поврзани и со сивата економија и ниската продуктивност и конкурентност на бизнис секторот“ вели Петрески.

Мораториум на сите ново настанати државни вработувања предлага професорот Џуроски. Според него државата треба да посвети внимание на најмалку три работи.

„Тоа е да има зголемен фокус врз одржувањето на ликвидноста во економијата. Втората работа е да се води сметка за кратењето на сите непродуктивни трошоци на расходната страна на буџетот кои доаѓаат. И трета се оние мерки кои и претходно беа во функција, а со цел поддршка на сите економски сектори со аспект на најпогодените“ вели Анастас Џуроски, универзитетски професор.

Од Сојузот на стопански комори на средбата со премерот Заев побараа итно носење на четврт сет мерки и финансиска помош за оние претпријатија кои се наоѓаат во тешка состојба. Се бара ослободување и од парафискалните трошоци за бизнис заедницата.

„Тоа се лиценци, дозволи, ограничувања итн.Т оа е прва работа. Втората работа е околу даноците. Сега веќе некако доаѓаа таа логична идеја, дека треба да имаме прогресивно оданочување, бидејќи не сите имаат еднаков начин на приходи и еднаква добивка“ изјави Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација на Македонија.

Бошков очекува дека актуелната ситуација ќе донесе дополнителни проблеми затоа што македонската економија е и увозно ориентирана.

„И не само што ќе имаме дефицит на стоки туку ќе имаме и дефицит во девизниот баланс. Може да има и инфлација и намалување на вредноста на денарот“ смета Бошков.

До сега поради кризата помеѓу 6000 и 7000 во најголем дел микро и средни претпријатија имаат затворено или ја имаат намалено работата.

XS
SM
MD
LG