Линкови за пристапност

Потопен „проколнатиот брод“


Без екипаж, мина една година близу крајбрежјето на Аљаска откако таму го донесе јапонското цунами.

Американската крајбрежна гарда го потопи напуштениот јапонски брод во близина на крајбрежјето на сојузната држава Аљаска, една година откако тука го донесе цунамито во Јапонија, предизвикано од кататсрофалниот земјотрес.

Бродот долг 50-тина метри, без осветлување и комуникациона опрема, потона во артилерискиот оган од брод на Гардата. Властите се одлучија на ваков чекор бидејќи „проколнатиот брод“, како што стана познат, претставуваше опасност за другите кои пловеа низ областа. Потопувањето не беше штетно по животната средина бидејќи целото гориво на бродот веќе испарило.

Бродот беше најголемото парче отпадок што пристигна на северноамериканското крајбрежје по земјотресот во Јапонија.

XS
SM
MD
LG