Линкови за пристапност

Двајца сенатори реинвестирале на берзата со доверливи информации за КОВИД-19


Американскиот интернет портал The Daily Beast објави дека Лофер, кој е членка во сенатската комисија за здравство, била активна со акциите во вредност од „седум бројки“ откако имала „приватна средба со сенатори за коронавирусот“.

Американската сенаторка Кели Лофер, републиканка од Џорџија, е втор сенатор која наводно ги продала и ре-инвестирала акции откако била брифирана за налетот на финасиската криза со КОВИД-19, која, најверојатно ќе предизвика големи загуби на финансиските пазари.


Американскиот интернет портал The Daily Beast објави дека Лофер, кој е членка во сенатската комисија за здравство, била активна со акциите во вредност од „седум бројки“ по неколку дена откако имала „приватна средба со сенатори за коронавирусот“.

Таа синоќа на преку Твитер напиша дека „не направила одлука за инвестирање, туку одлуката околу нејзините инвестиции ја направиле неколку финансиски советници од трета компанија, без нејзино или на нејзиниот сопруг знаење и удел“.

Нејзиниот сопруг Џефри Спречер е претседавач со берзата во Њујорк.


Нелегално е членови на Конгресот, конгресен персонал и федерални официјални лица да користат доверливи информации за нивна финансиска корист.

Брокер тргува на берзата во Њујорк
Брокер тргува на берзата во Њујорк

The Daily Beast објави дека сенаторката со сопругот направила 29 трансакции на берзата по тајната средба со сенаторите. Само две од трансакциите биле продажба на акции. Една од нејзините инвестиции е во компанија за технологија која продава софтвер за работа од дома.

Сличен потег на берзата направил и сенаторот Ричард Бур, републиканец од Северна Каролина, кој присуствувал на истиот состанок.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG